недела, април 12, 2009

Турска кујна

Турската кујна преставува сензација-синтеза од гастономска умешност.Номадскиот живот, наследството од богатата царска кујна, бујната флора и фауна, која минува низ седум географски зони.Се индикаторите кои со право и го даваат високото пето место на пиедесталот по атрактивност од првите 10 најатрактив кујни во светски рамки.Базата на турската кујна преставува неизбежниот бел леб, кој неизоставно мора да се вкуси:емекот, пиде, симит се вистински гурманско доживување.Нераскинслив дел, синоним за турската кујна преставува пилавот од ориз.Пилавот никаде во светот го нема тој вкус како во Турција, се приготвува по проверените традиционални тајни од старите мајстори.А Турците се ти се налутат ако ја посетиш нивната земја на на орионтот ако не ги пробаш пилавот, и ако не се заентересираш за него.Месото во турската кујна се употребува во многу мали количини, со името ,,кебап,, се нарекуваат сите јадења од месо.Најпознати специјалитети од турската кујна се шиш кебапот и донер кебапот, а вистинско гурмански дошививање е и печеното јагнешко.За турската кујна секако карактеристичен е и бурекот.Заленчукот во турската кујна, што да ви кажам, приготвувањето на зеленчукот во турската кујна е воодуевување, несекојдневно доживување.Вистински професионални мајстори се турците за приготвување на зеленчукот.Секогаш се приготвува на тивок оган, се вари во сопствениот сок.Зеленчукот секогаш се приготвува со маслиново масло , вака уметнички приготвен зеленчукот преставува многу здрава храна и е неизоставен дел на секое главо јадење.Модриот патлиџан е кралот во турската кујна, и заземаат најдиминантна улога.Мој предлог е да пробате некој од многуте врсти на ,,долми,, во нив ке го откриете неповторливиот вкус на турската кујна.Турција земја на четири мориња е рај за рибни специјалитети и специјалитети од морски плодови.А нешто најспецифично за турската кујна се десртите.Турскита кујан е една од многу ретките кујни во светот која имам наследено вистинско царско богатство од десерти.Приготвувани за кралевите, денеска турските рецепти се секојдневна вистинска гордост.Мухалибите е нашто што мене највеке ми се допага.Баклавите, локумот, толумбите, пудинзите, алвите се наповторливо доживување.Но најубавите турски десрти, сигурно би се сложиле и Вие е сезонското овошје.Рај колевка е ова земја за вирење на овошјето, со 300 сончеви денови во годината, верувале или не овде овошјето имам две до три берби.
Традиционални турски пијалоци се турското црно кафе и црниот чај.Највеке што ми се допаѓа во турската кујна е малото количество на користење на зачините во приготвувањето на јадењата.Турците многу внимаваат со зачините, зошто тие секогаш стојат на мислата дека зачините не треба да го ,,убие,, мирисот на главното јадење.Конзумирањето на храната во Турција прествува уживање.Тие заслепено веруваат дека треба да се конзумираат три оброци дневно, но никако набрзина и од нога, ретко каде во светот, но овој народ вистински ужива во благодетите на својата кујна.
Ви благодарам ако успејав да го доловам вашето внимание и ве натерав да го прочитате текстот докрај.
Текстот е мое авторско право, не е дозволено копирање.

Нема коментари: