вторник, април 28, 2009

Куклица-туристичка атракција

,,Најголемото богатство од секое патување е што човек одново почнува да си ја сака својата татковина,,рекол еден Французин, во оваа статија ке пишува за уште еден македонска туристичка атракција, а тоа се камените пирамиди во селото Куклица-Кратовско.
Денот беше прекрасен, втор ден Велигден-најолемиот христијански празник, ден кој овозможи барем за еден ден да избегам од сивилото на живтот, од секојдневните активности и ангажмани.Реши денес да го посетама севрноисточниот дел од Македонија и бев фасциониран , уште колку убавини крие ова заспана убавица, за кои малку знаеме но и многу доправа ке откриваме.На 8 км од Кратово кон магистралниот пат кој води кон градот Крива Паланка се наоѓа селото Куклица, уште во атарор на селото низ кое поминува магистралниот пат, внамнието ке ви го сврти вниманието на која пишуав ,,туристички локалитет-Куклица,,До камените пирамиди се стигнува по земјин пат во зависност од периодот во годината и состојбата на патот е различен, во пеиод на врнежи е во ископана и калива состојба но другиот период е во добра состојба.После 3 км возење по макадемовиот пат се наоѓа целта, која веднаш ќе ве воодушеви, адреналинот ке преработи во вас кога ке ѓи здогледате камните пирамиди.Локалитетот е убаво обелешан со информативни табли но сеуште многу далеку од туристишка атракција, локалитот не е заграден, без туристички водич, оставен без никого само на свеста на добронамерните посетители.Камените пирамиди како да се извишуваат една од друга и да се натрупуваат која поправо да ве заслепи со својата убавина, и неможеш да и поверуваш на очите, тие ладни камени столбови исправени прет тебе се со лик на луѓе.И така шовек да ѓи поставувал не би биле толку грандиозни, воодушевувачки, самите тие сведочат за една леѓенда која со големо задоволство ми ја раскаажа мештните од Куклица.Камните пирамиди кои јас ѓи нарекувам, тие ѓи знаат под поимот скаменети свадбари.Со толкав интузијазам и слепо верување раскжуваат, раскашуваат дека камените фигури биле свадбари кои биле проколнати од невестата која била пренудена да се мажи со момче кое не го сака.На прв поглед леѓендата ми беше смешна кога ки погледнав камените фигури секој детал од легендата се согасуваше, мозаикот од легдата успешно до детал се составуваше.Веднаш ке ја забележис тажната невеста а веднас донеа е момчето за која била пренудена да се омажи.Овие две фигури се димизионално најобени, најградиозни, највпечатливи најзабелечитени кои пленат со својата убавина.Камните фигури освен лика како да имаа душа, слепо те треаат да веруваш во старта леѓенда.Околку невстата и младозенецот природата ги поставила кумот и кумата во помала форма од главните славеници и тие те пленат со својата убавина.Разиграните сватови беа разигарано весело поставени низ просторот, кои моментот на танц и слава како сти изгледат се скамниле од клетвата и денеска останеле така.Од десната страна имаше многу камени фигурии кои ги преставува добронамерните посетители, кои дошле да ја видат невестата, но клетвата не ги избегнала и ни и се скамнети.Е уште колку природни убавини, и атракции има ова земја, среќа што овие камени фигури и леѓенди не беа во некоја западно европска држава, до сега ѓе беа позната светска туристишка атракција.Наравно дека ке си помислите дека легендата е вистинита, самата кунционалност и лика ве терат слепо да верувате дека тоа е така.Но ќе ве раочарам драги мои, ако поверувавте веќе, легендите се за веруване но овие камени пирамидии во финција на скаменети весели свадбари, настнале пред 10 милиони години кога на светот непостоеле луѓето, а камоли да се правеле свадби.Но морате ова чудо на природата од камен,да го видите има само нешто вакво слишно во Србија од цел свет, но е далеку помалку атративно и баво без легенди без фунционалност.И кога целата таа народна мудрост, пренесувана од колено на колено пренесувани низ легендии, чудото на природата, гостољубивоста на лугето, селскиот амбиен, традиционалните јадења, архитекурата и културното наследство на Кратово како едне бонус би биле една спакувана слтка приказна атрактиван не само за домашните туку и за странските посетители..За странскиот турист ова би било далеку поатрактивно по воодушевувачки, зошто ние незнеме да му се радуваме цениме и почитуваме она што го имаме.Драѓи мои неможев ни малку да го доловам амбиенто, просторот, и чиството, тоа не може да се опише туку треба да се видии, почуствува и доживее, посетете го ова чудо на природата, чиството по виденото ке ви биде многу богато и милно.
тексот е авторско право

Нема коментари: