вторник, април 21, 2009

Ресторант ,,Парк,,-Гиновци

Се надевам дека сопственикот на ресторант ,,Парк,,-Гиновци нема да ми се налути, зошто овој текст го напишав без негова дозвола.Зошто тематиката на блогот го опфака полето на гастрономијата и туризамот, ова е вистинското место, да се опишат доживувањата од ова репрезентативн објект.Патувајки од Кратово кон Крива Паланка ќе поминеш низ атарот на селото Гиновци, а да не го посетиш на далеку познатиот ресторант ,,Парк,, во Гиновци е вистинска штета.Скренавме од магистралниот пат по обележана патека која утредена со туристички информатори ве води до ресторанот.Ресторанот е на 3 км од магистралата пат не е асвалтиран но е во добра состојба.
Првото доживување е незаборавно и најдолго останува и во овој случај беше така.Уште од далеку кога ке го здогледаш атрактивните објекти на ресторанот, самиот поглед и средина ги презема твоите чуства, сакајки или не копнежот да го видиш и доживееш ова место се разгорува силно во тебе.
Денот беше 21 април, втро ден велигден, и покрај празникот се изненадив колку луѓе дошле да уживаат во оваа убавина.Големиот паркинг бесе исполнед до последно место, а во ресторантот се бараше маса повеке.Пејсажот оклу тебе е нешто што не моше да се опише, дрвата само што почнеле да ги разленуваат новите листви, а имаше и рацветани дрвија и дава пријатен пирис на околината, мелодијата на птиците те релаксира, и те тера да уживаш во амбиентот на преувабото езерце, и да заборавиш на секојдневните обврски.Жагорот на децата е она што ја нарушува заспаната тишина на овој простор, децата беа рестрчани околу мини зоолошката градина, која за нив беше најинтересна.Пони коњчето освен на децата, и на возрасните и беше омилен, со својата дружојубивост, скротеност и поглед, те тера да бидеш негов пријател.Лебедите и шатките го припливуваа второто мало езерце низ коие минуваше убав мост.Разиграните јариња како да живејат со пулсот на посетителите, се радуват и скокаат во нивното живејалиште.Ламата, кокошките, ноеви, славееи, разни други птици можете да ги да се видат во мини золошката градина.За децата имаше посебно катче, со лулашки вртелешки, кои освен храната, срекните моменти во тоа катче се потик повеке, да го сакат ова место и да ѓи замолат родителите да дојдат повторно и повторно и повторно...
Ресторанот уреден во македонски автентишен дизајн, ја доловува душата на македонската кујна.Овде можете да ги пробате сите македонски традиционални јадења, и онеи што се надалеку познати, но немојте да се изненадите ако на менито забележите некое многу стари веке заборавено, а можете да го најдете овде. Морате драги мои да ги пробате, баницата и зелникот од овој регион пригтвени на традиционален начин, од искусните готвачи, се вистинско гурманско непофторливо доживување. А услугата комплетна, на времена секогаш ја задоволуваат секоја ваша потреба љубезниот персонал ве треира како крал.Ресторанот е затворен објект кој се употребува и во зимниот период, но надвор имам неколку летни бавчи, поставени на сплавови на езерото, но и тие беа полни.Сместени на езерцето поставени до самото копном уредени во етно стил, украсени со карактеристичните природни матријали, голем шанк за персоналод да ги задоволи сите ваши потреби најбрзо што е можно.Неколкуте летни бавчи иако одалечени од ресторанот, добрата организација на шефот е нешто што е за поздравување за големата ефикасност во посллужувањето.Нешто што ке ви падне во очи, е персоналот, кој како да сака да те убеди да ги пробате националите јадења и пијалоци.Просторот оклу ресторанот е уреден со фонтана и фортикултура, во уредувањето преовладуваат природни матријали дрвото и каменот, амбиентот го надополнуваат етно атиквитети.Овој ресторант е толку специфичен и посебен се замо заради амбиентот, занимливостите, туку самот ресторант ти ствара некое посебно чуство на задоволство и возбуда.Над ресторанот просторот го надоплнува мала црква посветена на Св. Павле.На менито на ресторанот атрактивна е и рибата, покрај ресторанот имам рибарник, па во секое време мозат да ти приготват пресна риба.Повелете посетете го овој рај, распространет на 5 хе, тоа ке биде нешто незаборавно, кои немозам да ви го опишам.

Текстот е авторско право

Нема коментари: