вторник, април 28, 2009

Куклица-туристичка атракција

,,Најголемото богатство од секое патување е што човек одново почнува да си ја сака својата татковина,,рекол еден Французин, во оваа статија ке пишува за уште еден македонска туристичка атракција, а тоа се камените пирамиди во селото Куклица-Кратовско.
Денот беше прекрасен, втор ден Велигден-најолемиот христијански празник, ден кој овозможи барем за еден ден да избегам од сивилото на живтот, од секојдневните активности и ангажмани.Реши денес да го посетама севрноисточниот дел од Македонија и бев фасциониран , уште колку убавини крие ова заспана убавица, за кои малку знаеме но и многу доправа ке откриваме.На 8 км од Кратово кон магистралниот пат кој води кон градот Крива Паланка се наоѓа селото Куклица, уште во атарор на селото низ кое поминува магистралниот пат, внамнието ке ви го сврти вниманието на која пишуав ,,туристички локалитет-Куклица,,До камените пирамиди се стигнува по земјин пат во зависност од периодот во годината и состојбата на патот е различен, во пеиод на врнежи е во ископана и калива состојба но другиот период е во добра состојба.После 3 км возење по макадемовиот пат се наоѓа целта, која веднаш ќе ве воодушеви, адреналинот ке преработи во вас кога ке ѓи здогледате камните пирамиди.Локалитетот е убаво обелешан со информативни табли но сеуште многу далеку од туристишка атракција, локалитот не е заграден, без туристички водич, оставен без никого само на свеста на добронамерните посетители.Камените пирамиди како да се извишуваат една од друга и да се натрупуваат која поправо да ве заслепи со својата убавина, и неможеш да и поверуваш на очите, тие ладни камени столбови исправени прет тебе се со лик на луѓе.И така шовек да ѓи поставувал не би биле толку грандиозни, воодушевувачки, самите тие сведочат за една леѓенда која со големо задоволство ми ја раскаажа мештните од Куклица.Камните пирамиди кои јас ѓи нарекувам, тие ѓи знаат под поимот скаменети свадбари.Со толкав интузијазам и слепо верување раскжуваат, раскашуваат дека камените фигури биле свадбари кои биле проколнати од невестата која била пренудена да се мажи со момче кое не го сака.На прв поглед леѓендата ми беше смешна кога ки погледнав камените фигури секој детал од легендата се согасуваше, мозаикот од легдата успешно до детал се составуваше.Веднаш ке ја забележис тажната невеста а веднас донеа е момчето за која била пренудена да се омажи.Овие две фигури се димизионално најобени, најградиозни, највпечатливи најзабелечитени кои пленат со својата убавина.Камните фигури освен лика како да имаа душа, слепо те треаат да веруваш во старта леѓенда.Околку невстата и младозенецот природата ги поставила кумот и кумата во помала форма од главните славеници и тие те пленат со својата убавина.Разиграните сватови беа разигарано весело поставени низ просторот, кои моментот на танц и слава како сти изгледат се скамниле од клетвата и денеска останеле така.Од десната страна имаше многу камени фигурии кои ги преставува добронамерните посетители, кои дошле да ја видат невестата, но клетвата не ги избегнала и ни и се скамнети.Е уште колку природни убавини, и атракции има ова земја, среќа што овие камени фигури и леѓенди не беа во некоја западно европска држава, до сега ѓе беа позната светска туристишка атракција.Наравно дека ке си помислите дека легендата е вистинита, самата кунционалност и лика ве терат слепо да верувате дека тоа е така.Но ќе ве раочарам драги мои, ако поверувавте веќе, легендите се за веруване но овие камени пирамидии во финција на скаменети весели свадбари, настнале пред 10 милиони години кога на светот непостоеле луѓето, а камоли да се правеле свадби.Но морате ова чудо на природата од камен,да го видите има само нешто вакво слишно во Србија од цел свет, но е далеку помалку атративно и баво без легенди без фунционалност.И кога целата таа народна мудрост, пренесувана од колено на колено пренесувани низ легендии, чудото на природата, гостољубивоста на лугето, селскиот амбиен, традиционалните јадења, архитекурата и културното наследство на Кратово како едне бонус би биле една спакувана слтка приказна атрактиван не само за домашните туку и за странските посетители..За странскиот турист ова би било далеку поатрактивно по воодушевувачки, зошто ние незнеме да му се радуваме цениме и почитуваме она што го имаме.Драѓи мои неможев ни малку да го доловам амбиенто, просторот, и чиството, тоа не може да се опише туку треба да се видии, почуствува и доживее, посетете го ова чудо на природата, чиството по виденото ке ви биде многу богато и милно.
тексот е авторско право

вторник, април 21, 2009

Ресторант ,,Парк,,-Гиновци

Се надевам дека сопственикот на ресторант ,,Парк,,-Гиновци нема да ми се налути, зошто овој текст го напишав без негова дозвола.Зошто тематиката на блогот го опфака полето на гастрономијата и туризамот, ова е вистинското место, да се опишат доживувањата од ова репрезентативн објект.Патувајки од Кратово кон Крива Паланка ќе поминеш низ атарот на селото Гиновци, а да не го посетиш на далеку познатиот ресторант ,,Парк,, во Гиновци е вистинска штета.Скренавме од магистралниот пат по обележана патека која утредена со туристички информатори ве води до ресторанот.Ресторанот е на 3 км од магистралата пат не е асвалтиран но е во добра состојба.
Првото доживување е незаборавно и најдолго останува и во овој случај беше така.Уште од далеку кога ке го здогледаш атрактивните објекти на ресторанот, самиот поглед и средина ги презема твоите чуства, сакајки или не копнежот да го видиш и доживееш ова место се разгорува силно во тебе.
Денот беше 21 април, втро ден велигден, и покрај празникот се изненадив колку луѓе дошле да уживаат во оваа убавина.Големиот паркинг бесе исполнед до последно место, а во ресторантот се бараше маса повеке.Пејсажот оклу тебе е нешто што не моше да се опише, дрвата само што почнеле да ги разленуваат новите листви, а имаше и рацветани дрвија и дава пријатен пирис на околината, мелодијата на птиците те релаксира, и те тера да уживаш во амбиентот на преувабото езерце, и да заборавиш на секојдневните обврски.Жагорот на децата е она што ја нарушува заспаната тишина на овој простор, децата беа рестрчани околу мини зоолошката градина, која за нив беше најинтересна.Пони коњчето освен на децата, и на возрасните и беше омилен, со својата дружојубивост, скротеност и поглед, те тера да бидеш негов пријател.Лебедите и шатките го припливуваа второто мало езерце низ коие минуваше убав мост.Разиграните јариња како да живејат со пулсот на посетителите, се радуват и скокаат во нивното живејалиште.Ламата, кокошките, ноеви, славееи, разни други птици можете да ги да се видат во мини золошката градина.За децата имаше посебно катче, со лулашки вртелешки, кои освен храната, срекните моменти во тоа катче се потик повеке, да го сакат ова место и да ѓи замолат родителите да дојдат повторно и повторно и повторно...
Ресторанот уреден во македонски автентишен дизајн, ја доловува душата на македонската кујна.Овде можете да ги пробате сите македонски традиционални јадења, и онеи што се надалеку познати, но немојте да се изненадите ако на менито забележите некое многу стари веке заборавено, а можете да го најдете овде. Морате драги мои да ги пробате, баницата и зелникот од овој регион пригтвени на традиционален начин, од искусните готвачи, се вистинско гурманско непофторливо доживување. А услугата комплетна, на времена секогаш ја задоволуваат секоја ваша потреба љубезниот персонал ве треира како крал.Ресторанот е затворен објект кој се употребува и во зимниот период, но надвор имам неколку летни бавчи, поставени на сплавови на езерото, но и тие беа полни.Сместени на езерцето поставени до самото копном уредени во етно стил, украсени со карактеристичните природни матријали, голем шанк за персоналод да ги задоволи сите ваши потреби најбрзо што е можно.Неколкуте летни бавчи иако одалечени од ресторанот, добрата организација на шефот е нешто што е за поздравување за големата ефикасност во посллужувањето.Нешто што ке ви падне во очи, е персоналот, кој како да сака да те убеди да ги пробате националите јадења и пијалоци.Просторот оклу ресторанот е уреден со фонтана и фортикултура, во уредувањето преовладуваат природни матријали дрвото и каменот, амбиентот го надополнуваат етно атиквитети.Овој ресторант е толку специфичен и посебен се замо заради амбиентот, занимливостите, туку самот ресторант ти ствара некое посебно чуство на задоволство и возбуда.Над ресторанот просторот го надоплнува мала црква посветена на Св. Павле.На менито на ресторанот атрактивна е и рибата, покрај ресторанот имам рибарник, па во секое време мозат да ти приготват пресна риба.Повелете посетете го овој рај, распространет на 5 хе, тоа ке биде нешто незаборавно, кои немозам да ви го опишам.

Текстот е авторско право

петок, април 17, 2009

Храната во неолитот во Македонија

За да се состави мозаикот на македонската кујна, треба да прошетаме низ епохата на времето т.е 7000 години п..н.е-неолитот, антиката, средниот век, па се до денешната македонска кујна.Македонската кујна има длабоки древни корени, пребродела една голема еволуција, но одредени рецепти, обреди-ритуали во исхраната сме ѓи наседиле и ѓи практикуваме и ден денес.
Тој неолитски човек го поставил темелот, го создал духот, за свеста за храната, која се практикува и ден денска.Од овде почнува цивилизацијата, овде си и корените на кулинарството.Неолитската македонска жена пак ги поставила базите на градинарството, земјоделството, поседувала голема мудрост, го знаела календарот, кога да го посади семето, кога да го собер плодот, како да ја обработува земјата, го собирал семето и за следната сезона.Несигурниот лов на мажот, придонел неолитската жена да направи многу рецепти од семиња, зрна растенија кои ги одледувала самата или ги пронааогала во природата.
Првата плескавица во светот е направена во Македонија или поточно во Пелагонија, во времето на неолитот, а не каком што се мисли дека ја измислил Американец на брод.Ова бил и одговорот на експертите на телевизијата ,,Дискавери,, во рубриката сакам да знам-на поставено прашање за староста на плескавицата.,,Станува збор за нешто што е потврдено, при испитување на неолистските артефакти, по што нема место за сомневање,,(Зоран Николовски, директор на Завод и Музеј-Битола)
Неолитските садови во кои се служела и приготвувала храната, со својата прецизност, уметност, мајсторска изработка те оставаат без зборови, нивната старост те воодушевува и создава чуство на гордост.Помислата дека оваа неолитска керамика датира од 7000 години п.н.е сведочи за придонеста на Македонците во светската цивилизација.Од овде почитувани трба да се бара стратот на цивилизацијата, кулинарството, уметноста, религијата, од ова парче македонска земја, со артефакти кои можат да го состават мозаикот на еврпоската цивилизација.

МЛАДО КАМЕНО ВРЕМЕ-НЕОЛИТ ВО ОВЧЕ ПОЛИЕТО
,,Луѓето кои ѓи населие овие простори оставиле неизбришливи цивилизациски траѓи,,Александар Алексов


,,Најстарата неолитска населба се јавива како оформена урбана, општествена и стопанска челина со изградена матријална и духовна култура.Поради ова, се јавува потреба да се одговори дали чивотот на овие простори започнува со овие населбии или пак многу порано.Поради недостаток на архиолошки податоции дадени се две препоставки.Според едни се смета дека се рабои за популација што произлегува од јадрото на балканско-андолскиот културн комплекс, според други, се работи за постаро автохотно насление,,.(цитат од http://www.kralimarko.com/)
Овчеполието поради погодната, географска полозба, плодните почви, реките и благите климатски услови за живот, придонеле овие простори да бидат населени уште во праисторијата па се до денес.Американскиот историчар на уметноста Марија Гимбутас е убедена дека европската цевелизција започнува од Пелагониската и Овчеполската Котлина.Тврдењето го поткрепува со староста на ртефактите пројандени на овие региони.
Најстрите траги од живот во Овчеполието потекнуваат од далечното ново камено време-Неолит.За тоа сведочи архиолошкото наогалиште во Анзибегово.Овој архиолошки локалитет преставува еден од најбогатите во земјава и во Еврепо, и преставува огромно културно богаство за земјава но сеуште не е доволно проучено од архиолозите, овој архилошки локалитет крие уште многу мистерии.Во Р. Македонија имам околу 50 000 неолитски населби, кои сведочат за постанокот на Евпската култура и цивилизавија.
Кога ќе ја погледнеме конструкцијата на неилотската куќа, без сомнение можеме да тврдиме дека од овде е устанивена првате архитектура.Ако ги погледнеме принајдените антропомфорни од архиолошкиот локалитет Анзибегово, може да заклучиме дека во тоа време имале маси, столови, кревети, разни садови за исхрана, дека знеле да ја приготвуваат храната.Било посветено големо време и на уметноста, носеле убава облека, и тоа ни кашува каков дострел преставува неолитот на овие простори.Па без сомнение може да тврдиме дека европската цивилизација почнува одовде од македонските неолитски населби.
Поради грандиозноста, и непроценливата вредност на неолитските артефакти и наслби, ги има сите предуслови да се развие неолитски туризам не само на овие простори туку и низ цела Македонија.Во наредниот период мора многу да се работи за да се пропаѓира ваквиот вид на туризам и да се стави цена и да може да се продаде на современиот турист.,,Нажата рересанса е суштината на срдниот век, но ја имаат и други:Нажата антика е суштината на нтиката, но за жал големите сили и ја подариле на другии, на кои не и припага.Неолитот останува негибнат.Тоа е златно руно кое моше да донесе многу финансии,,(Васил Божиноски).Неолитот треба да ја афирмира Македонија, која има големи предусови за развивање на овој вид на туризам.
,,Македонија тргнала цивилизацијата, ако го следиме патот на неолитот на Еврпа ке тргнеме одовде, ке видиме каде и кога стасал.Всушност ние имаме обврска да и каземе дека ние го потполнуваме празното место на основолположниците на Еврпоксата култура,,(Вангел Божиновски)
Според архиолошките наодии, овдешното население имало постојано живејалиште, и се занимавало со примитивно земјоделство и сточарство, користеле многу орудија кои самите ги обработувале, користеле мазни камени секирии, коски и другии орудија.Од неолитот пошнува развојот на земјоделството и сточарството во Овче Поле:основните економски гранки на неолитскиот човек биле земјоделството и сточарството, овците и козите биле шуте во раниот и средниот неолит т.е 6000-5000 години пр.н.е
Неолитскиот чоек кој шиеел во Овеполието, градел населби и засебни шивејалишта.Објектите за живеење биле надземни, градени биле во првоаголна форма, изградени од дрвена градба со покрив на две води.Ѕидовите од живејалиштата биле машкани со кал, за да го заштиат неолитскиот човек од адмосверските влијанија:Главен и центарален дел од неолитската куќа било огништето каде се подготвувала храната.Во некои неолитски куќи имало и место каде се положувале жртвеници, и се вршеле религиозни обреди:Куќите биле градени едни покрај други со мали дворови.
Со цел да си ги објасни природните сили, неолисткиот човек пренесувал жртви, содавал бошества, и правел семејни светилиста.Најпошитувано божество е големата Мајка.
САДОВИ КОРИСТЕНИ ВО НЕОЛИТОТ


Во неолитот особено била разиена изработката на неолитски садови за послужување и приготвување на храната.Садовите биле изработени од керамика, имеле правилен облик и најразлични форми во зависнот за кава употреба биле користени во иснраната.Керамишките садви биле изработени во разнии димензии во зависност од потребите за послужување и премање на храната.Во архиолишкиот локалиет во Анзибегово се пронајдени наодии кои датираат од раниот неолит и во средниот неолит:Најшесто керамичите садови од овој регион се сликани со кафеаво теман боја.Керамиката во ранито неолит е груба, неоформене, изработена од земја, печен а и на нив се сретнива уметничко изразување.Садовите се украсени најчесто со бела природна боја, на која се насликани разни видови на орнаменти-неправилни триаголниции, зцетови, житно класије и другии фигури поставени во зедничка комбинација.Врз основа на овие елементи анзибеговсакта-вршничка група припага на андолско-бакнаскиот неоли.Во средниот неолит садовите се украсени со кафеава и црвена боја, се сретнуваат и садови од црвена боја украсени со уметнички фигури со бела боја.Карактеристично за овој период е што се сртнуваат разни видови на керамика, за разни примени во кулинарствотот.Преовладуваат ѓуповитр, разни видови на заоблени чинии и другии разни видови на садови.Поради зависноста на неолитскиот човек од природата, неможел да си ги претолкува непознатите сили, неолитскиот човек развил неолитска култура.Својата религиозност и страво почит ја изразувал со цртање на фигури на човек, животни и разни шари на садовите користени исхраната.Поради релкефот, фунционалноста, обликот на садовитесо црти и цртењи од природни бои преставуваат своевидна атракција, со ниваната конструкција и уметност сведочат колку била развиена уметноста и кулинарството во овие краеви:Овие садови преставуваат едни од најубавите и најстарите архилооски пронајдоци од ова време во Европа.Со својата грандиозност раскажуваат колку луксузно живеел човекот од овие простори, сведочат за брзиот развој на кулинарството, уметноста, религијата.
ИСХРАНАТА ВО НЕОЛИТОТ ВО ОВЧЕПОЛСКИОТ РЕГИОН
Исхраната во неолитот, и покрај тоа што досега не била на несамостојно и непристрасно проучување во себе крие не само почетоците на македонската традиционална исхрана, но тука си и базите на европската исхрана.
Во оваа питома долина со сигурност моше да потврдиме, дека неолитскиот човек имал јасна потврдена свест за земната поврзаност помеѓу обработувањето па се до приготвувањето на исхраната.Во златното житно поле во селото Анзибегово, имам откриено нолитски куќи во кои јас но се гледа застапеноста на огништето. кои праеставувало најшивописниот дел од куќата , во неолитската куѓа имало и фурна за печење на леб.Во архиолошкиот локалитет Говрилово, Скопско, има архиолошки докази дека неолитскиот човек приготвувал леб од квасец, и се потврдува дека од тука потекнува техиката за израбоитка на лебот, бидејки на другите места се пронајдени бескавсни лепчиња.Тоа се слушило тука во папакот на светот.,,Откритијата на архиолошките локалитети низ земјава потврдуваат дека неолитсдкиот човек бил длабоко умен отолку до сега што се мисеше.За тоа говорат изработените керамички садови за приготвување на храната.Од шитото се изработувал лебот а токму лебот е метафората на животот.Знаетели дека за трудна жена Англичаните велат стомакот и е полн со леб,,цитат од веб страницата на крали марко авторско право 12/20.7.2004
Во неолитската жена македонска се кријат многу мистерии, и големи достогнувања за европската цивилизација.Неолитската сама ја одледувала храната, поради несигурниот лов на мажот, кој честопати се вракал со неуспех во ловот.Неолитската зена била таа што ги засадувала плодовите, ја обработувала земјата, засадувала многу плодови но најчно и било жиото.Таа знела кој период во годината да го засади семето, собирала плодови од природата, а месото од дивечот знела како термички да го обработи.Тоа ни качува колку била неолитската жена иновативна, уте пред 7 илјади години, кога другите цивилизации не ни постоеле или живееле како племиња, неолитскиот човек ги имал сите предуслови за доба модерен живот во тоа време.,,Мената од праисторијата немала музии и богови во куќата.Огништето,отворот за сонце, садови, грнци, украси првата Македонка имала се што и е потребно на денешната Македонка,,Имала земја вода, сонце и оган.(цитат од крали марко).Неолитската жена барала удобност во неолитскиот дом, и во начинот на приготвување на храната.Од неолитот потекнува првата традиционална храна која длабоко се задрзала се до денешните денови во нашите јадења.Зрната кои се наогале во природата биле првата инспирација за древните рецепти.
Ви благодарам што го прочитавте тектстот
тексто е авторско право.

среда, април 15, 2009

Унгарска кујна

,,Оваа статија ја посветувам на мојот најдобар пријател Благој Гонoв, со целата моја љубов и почит,,
Унгарија земја на богата култура, голема традиција, најдобро тоа може да се забележи низ призмата на гастрономијата која е значаен дел од културата.Поради големиот број на специјалитети, унгарската кујна оправдано се вбројува меѓу најдобрите во светот.Главна карактеристика на огнената унгарска кујна е додавањето на пиперката во многу јадења.На денешната унгарска трпеза, чорбите, паприкашите и се разбира гулашот се јадењата кои го заземат најзначајното место преставуваат главни специјалитети синоним за унгарската кујна.Надалеку познатиот унгарски гулаш води потекло од унгарските степи, а преку Виена станало познато низ целиот свет.Во многу земји под гулаш се подразбира сите јадења зачинети со пиперка но добрите познавачи на унгарската кујна, разликуваат четири јадења во кои пиперкта има важна улога.Тоа се:гулаш, паприкаш, токањ и перклет.Колењето на свињите за Унгарците преставува вистинско доживање.Од десертите најпознати се тортите, крофните, кремовите и палачинките.
Многу често може да се слушне ја ставаат пиперката(свежа, мелена, кисела) во сите јадења освен во колачите, па морам да спомнам дека овојт толку значаен зеленчук за унгарската кујна е донесен од Америка, а денеска во Унгарија се произведува во големи количини.
Со специјалитетите од унгарската кујна, одлично се вклопуваат надалеку познатите унгарски вина.Секој регион во Унгарија има вино со специфичен вкус и мирис, најдобро и најпрославено е токојанското вино кое навистина е нешто посебно.Ова вино е наречено ,,вино на кралевите,, и ,,крал на вината,,.Повекето унгарски вина се високо квалитетни заедно со унгарските специјалитети се вистинско гурманско доживување, кои задолжително треба да се пробаат и да се ужива вистински во нив.
Уживајте во најдоброто од Будимпешта фотографите само за Вас мои драги читатели ги израбити мојот најдобар пријател Благој Гонов кој го долови најдоброто од овој град, и е негова туристичка дестинација која морате да ја посетите.



Великаните на светското хотелиерсво и човечките ресурси

Во уготителскиот бизниз прва и основна работа е работата со луѓе.За нив заедничка е грижата за конфорот и благосостојбата на гостите.Гостинот за нив е крал-поставен на пиедесталот.
Секој великан успејал на свој начин, но пред се затоа што знаел да работи со луѓе.Во овој случај тоа се пред се нивните вработени.Тие ги научиле своите вработени дека за нив најважен е гостинот.

Статлер Хотелите-Елсворт Статлер
Статлер е едно од водечките имиња во светското хотелиерство.Статлер е човекот кој на патниците од средна класа и овозжувал луксуз по достапна цена.

Хотелите Статлер се лотелски ланци низ целиот свет во кои ќе добиете беспрекорна услуга било во кој хотел низ светот.

Статлер поседувал вештина која на таинствен начин ги индификувал и ѓи задоволувал потребите на гостите.Имал префинета смисла за проценување во работата што е лошо што е добро.

Статлер бил брвиот хотелиер кој вработил жени серверки и прв ги вовел униформите, и заслужен е за многу број превилегии кои гостинот може да ги користи во соба.

Статлер сметал дека треба да се вработуваат пријатни луѓе, со добро расположение кои лесно и често се насмевнуваат.Ако е неопходно да се ичисти кујната направете го тоа.Не преговарајте, ослободетесе од мрзливите луѓе, од луѓе кои незнаат да го контролираат своето однесување, оние кои постојано глумаат дека имаат проблеми и кои самите себе се сожалуваат.
Статлер со своието однесување и служел како пример на другите вработени.Тој знел дека прво тој треба да биде искрен за да го бара тоа од вработените.
Статлер е и авторот на познатиот слоган ,,гостинот секогас е во право,,
Беспрекорна хотелска услуга тоа е услугата на Хотелите Статлер.

Да се биде љубезен, да се посвети на секој гостин внимание поединечно.Вниманието треба да продолжи и после заминувањето на гостинот:картичка за благодарност за посетата, честитка за роденден, Божиќ и Велигден, не чини многу пари но за гостинот значи многу.

ХОТЕЛИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛ


Во хотелите Интерконтинентал постои припачник за однесување на вработените:

-Врабоботените не смеат да и се обраќаат на гостите по име дури ни во ситуација кога станува збор за пријател, исто така несмеат да и се обракаат на име и на другите колегии или препоставени;
-Вработените несеат да ѓи користат хотелските објекти за свои рекреативни активности;
-На поставените прашања треба да одговорат што е можно поточно, поинтелектуално и пољубезно.Ако не ги знаат точните одговори треба да побараат помош од препоставените или менаџерот;
-Пушењето е дозвоелено само во просториите за персоналот или гаредробата.Пушењето не е дозволено пред гостите;
-Строго забрането е конзумирање алхохол на работното место;
-Униформата треба да ја носат само на работното место и само во работното време;
-Не се толерираат караници или препирки помеѓу вработените.За сите проблеми треба да се побара помош од препоставените;
-Љубезноста во однесувањето кон гостите, подготвеноста на насмевка во секое време, разбирањето и желбата да се помогне, се основните елементи на деловната култура на човечките ресурси во Хотелите Итерконтинентал.
Насмевка за добредојде, помошта и љубезноста на рецепцијата, вкусната и привлечна храна, сервисот и поставеноста која блеска од чистота, придонесуваат луѓето да станат редовни гости.

ХОТЕЛИТЕ ШАРАТОН-ЕРНЕСТ ХЕНДЕРСОН

Шартон преставуваа едни од најголемите хотелски ланци во светот.
Хендерсон смета дека угостителскиот работник треба да биде награден само ако се трудии во работата што е можно повеќе.

Угостителскиот работник треба да ги задоволи потребите на гостите кои се подготвени да платат со своите тешко заработени пари.

Ернест Хендерсон поставил 10 правила кои денеска се применуваат во сите Хотели Шартон:
-Не фрлајте ништо, а особено не фрлајте ништо во близината на хотелот;
-Не примајте подарок од оние кои бараат против услуга;
-Не дозволувајте вашиот сопруг да пати заради потребите на хотелот;
-Не злоупотребувајте ги резервациите од колегите;
-Не издавајте налози на вработените додека немате јасна цел и задча;
-Бидете свесни за фактот дека и оние што водат мали хотели се исто така паметни и способни како и оние што водат големи хотелски претпријатија;
-Не инсистирајте на последна капка крф кога работите;
-Не дозолувајте хранта да се сервира оладена;
-Базирајте ги одлуките на факти, пресметки и знења, а не на чуства и препоставки;
-Немојте да експлодирате кога ке направите грешка зошто тогаш вашата грека ќе биде поголема;

ХОТЕЛИ ХИЛТОН-КОНРАД ХИЛТОН

Хилтон успеал благодарение на своите менаџери кои секојдневно ги контролираа цените.

Хилтон од своите вработени барал многу .Тој ја вовел седумдневната работа во хотелите.Хилтон живеел со убедување дека довербата, лојалноста и чесноста, преставуваат најголемиот капитал на своите вработени.Поединци кои ги поседуваат спомнатите квалитети можат да успејат секаде.

ХОТЕЛИ ХОЛИДЕЈ ИН-КЕМСОН ВИЛСОН

Вилсон бил човек кој сватил дека бизниост со мотели преставува ,,најголемата недопрена индустрија во светот,,.Тој изработил одличен проект за изградба на Холидеј Ин претворајги го во најголемиот и најубав хотелски ланец.
Приказанта за Холидеј Ин се луѓето.Нашите човечки ресурси беа и сеуште се наши партнери во прогресот...во изградба на системот до денешната големина.
Одамна стана јасен фактот дека секој услужен бизнис е толку добар како што се и добри неговите човечки ресурсии.

Великаните на светското хотелиерство сватиле дека неговите човечки ресурси не преставуваат многу туку тие преставуваат се.Квалитетот на понудата на услугата преставува не иновна компонента за успечно работење во угостителството.

,,Животот е услуга а остануваат оние кои даваат подобра услуга,,Елсворт Статлер

недела, април 12, 2009

Италјанска кујна

Италјанската кујна се вбројува во најпопуларните кујни во светот.Богатството од разновидна храна, медитерјански здрава храна, високо квалитетни производи, голма традиција е описот за италјанската кујна.Секој регион во Италија има свои особености, хоризонтот од север до југ, нуди многу разлицности во кујната.Ни оваа земја не останала имуна на соседните кујни, туку со посебен жанр си одомакинила рецепти од арапската, унгаската и германскта кујна, рецепти на кои и дале едно големо значење.Италјанската трпеза е секогаш богата, започнува со ладно предјадење, главното јадење е мавистина обилно и богато, без разлика дали е месо или риба, салатат е неизоставен дел од главното јадење.Италјанците оброкот го завршуваат со десерт, а замкрај се пие италјанско еспресо кафе.

Рибите и морските плодови се многу популарни покрај крајбрежните морски краеви.Нешто што ми останало во секавање за италјанската кујна е изобилството на салати од морски плодови, најчести се корисетно октподот и морските школки.Освен големиот број на рецепти, многу е интересно тоа што специјалитетите се по многу поволна цена и мошат многумина да си дозволат да пробаат.

Заленчукот се конзумира свеж, во салати, како прилог, варен, зачинет со маслиново масло.Доматот е најупотребуваниот зеленчук во италјанската кујна се јаде секој ден во секое годишно време.Тој може да биде дел од сосот за тестенини, состојка за салата, полнети или печени, италјанскиот готвач секогаш ке смисли нешто ново.

Се разбира пицата е синоним за италјанската кујна, влече корени уште од античките римјани, интересно нешто во контекст за пицата што морам а да не го спомнам е тоа што:пицата најголемата популарност добива во 17 тиот век кога била презентирана ма Американската јавност.Па маллку подоцна станува популарна и во Европа, но најинтересно е тоа што дури во 20 тиот век станала популарна и во Италија.Првото нешто што ни доага на памет кога ќе се спомне италјасната кујна се наравно изобилството на рецепти од тестенини.Тестенините денес ги има во 300 форми во Италија, преставаат најомилено јадење, се приготвуваат во различни начини и комбинации.

Пемезанот е традиционален производ од Италија, неповторливиот пикантен вкус, секогаш пријатна арома, пермезанот е неизоставен дел од тестенините.Оризот е доста застапен во Италјанската кујна, едни тврдат дека го донеле арапите во 15 тиот век и од тогаш е нераскинлив дел од исхраната, но архиолозите докажале дека уште старите римјани знеле за оризот и го одгледувале.

Тарамисуто во превод значи ,,земи ме,, тарамисото е традционален италјански колач, мојот омилен десерт.Кој мора а да не се проба, неговиот вку е божествен, мораш да ја насетиш неговата арома и вкус кои ќе ти останат во сеќавање многу долго време.

Храната во италија е вистинско уживање за Италјанецот, кој сака секогаш да јаде во друштво, со семејството или со пријателите, дома или во ресторант не е важно,Но вистински ужива во сензационалните вкусови на италјанските традиционални рецепти.

Забрането е било какво копирање или умножување, без претходна консултација со авторот.


Турска кујна

Турската кујна преставува сензација-синтеза од гастономска умешност.Номадскиот живот, наследството од богатата царска кујна, бујната флора и фауна, која минува низ седум географски зони.Се индикаторите кои со право и го даваат високото пето место на пиедесталот по атрактивност од првите 10 најатрактив кујни во светски рамки.Базата на турската кујна преставува неизбежниот бел леб, кој неизоставно мора да се вкуси:емекот, пиде, симит се вистински гурманско доживување.Нераскинслив дел, синоним за турската кујна преставува пилавот од ориз.Пилавот никаде во светот го нема тој вкус како во Турција, се приготвува по проверените традиционални тајни од старите мајстори.А Турците се ти се налутат ако ја посетиш нивната земја на на орионтот ако не ги пробаш пилавот, и ако не се заентересираш за него.Месото во турската кујна се употребува во многу мали количини, со името ,,кебап,, се нарекуваат сите јадења од месо.Најпознати специјалитети од турската кујна се шиш кебапот и донер кебапот, а вистинско гурмански дошививање е и печеното јагнешко.За турската кујна секако карактеристичен е и бурекот.Заленчукот во турската кујна, што да ви кажам, приготвувањето на зеленчукот во турската кујна е воодуевување, несекојдневно доживување.Вистински професионални мајстори се турците за приготвување на зеленчукот.Секогаш се приготвува на тивок оган, се вари во сопствениот сок.Зеленчукот секогаш се приготвува со маслиново масло , вака уметнички приготвен зеленчукот преставува многу здрава храна и е неизоставен дел на секое главо јадење.Модриот патлиџан е кралот во турската кујна, и заземаат најдиминантна улога.Мој предлог е да пробате некој од многуте врсти на ,,долми,, во нив ке го откриете неповторливиот вкус на турската кујна.Турција земја на четири мориња е рај за рибни специјалитети и специјалитети од морски плодови.А нешто најспецифично за турската кујна се десртите.Турскита кујан е една од многу ретките кујни во светот која имам наследено вистинско царско богатство од десерти.Приготвувани за кралевите, денеска турските рецепти се секојдневна вистинска гордост.Мухалибите е нашто што мене највеке ми се допага.Баклавите, локумот, толумбите, пудинзите, алвите се наповторливо доживување.Но најубавите турски десрти, сигурно би се сложиле и Вие е сезонското овошје.Рај колевка е ова земја за вирење на овошјето, со 300 сончеви денови во годината, верувале или не овде овошјето имам две до три берби.
Традиционални турски пијалоци се турското црно кафе и црниот чај.Највеке што ми се допаѓа во турската кујна е малото количество на користење на зачините во приготвувањето на јадењата.Турците многу внимаваат со зачините, зошто тие секогаш стојат на мислата дека зачините не треба да го ,,убие,, мирисот на главното јадење.Конзумирањето на храната во Турција прествува уживање.Тие заслепено веруваат дека треба да се конзумираат три оброци дневно, но никако набрзина и од нога, ретко каде во светот, но овој народ вистински ужива во благодетите на својата кујна.
Ви благодарам ако успејав да го доловам вашето внимание и ве натерав да го прочитате текстот докрај.
Текстот е мое авторско право, не е дозволено копирање.