недела, април 12, 2009

Италјанска кујна

Италјанската кујна се вбројува во најпопуларните кујни во светот.Богатството од разновидна храна, медитерјански здрава храна, високо квалитетни производи, голма традиција е описот за италјанската кујна.Секој регион во Италија има свои особености, хоризонтот од север до југ, нуди многу разлицности во кујната.Ни оваа земја не останала имуна на соседните кујни, туку со посебен жанр си одомакинила рецепти од арапската, унгаската и германскта кујна, рецепти на кои и дале едно големо значење.Италјанската трпеза е секогаш богата, започнува со ладно предјадење, главното јадење е мавистина обилно и богато, без разлика дали е месо или риба, салатат е неизоставен дел од главното јадење.Италјанците оброкот го завршуваат со десерт, а замкрај се пие италјанско еспресо кафе.

Рибите и морските плодови се многу популарни покрај крајбрежните морски краеви.Нешто што ми останало во секавање за италјанската кујна е изобилството на салати од морски плодови, најчести се корисетно октподот и морските школки.Освен големиот број на рецепти, многу е интересно тоа што специјалитетите се по многу поволна цена и мошат многумина да си дозволат да пробаат.

Заленчукот се конзумира свеж, во салати, како прилог, варен, зачинет со маслиново масло.Доматот е најупотребуваниот зеленчук во италјанската кујна се јаде секој ден во секое годишно време.Тој може да биде дел од сосот за тестенини, состојка за салата, полнети или печени, италјанскиот готвач секогаш ке смисли нешто ново.

Се разбира пицата е синоним за италјанската кујна, влече корени уште од античките римјани, интересно нешто во контекст за пицата што морам а да не го спомнам е тоа што:пицата најголемата популарност добива во 17 тиот век кога била презентирана ма Американската јавност.Па маллку подоцна станува популарна и во Европа, но најинтересно е тоа што дури во 20 тиот век станала популарна и во Италија.Првото нешто што ни доага на памет кога ќе се спомне италјасната кујна се наравно изобилството на рецепти од тестенини.Тестенините денес ги има во 300 форми во Италија, преставаат најомилено јадење, се приготвуваат во различни начини и комбинации.

Пемезанот е традиционален производ од Италија, неповторливиот пикантен вкус, секогаш пријатна арома, пермезанот е неизоставен дел од тестенините.Оризот е доста застапен во Италјанската кујна, едни тврдат дека го донеле арапите во 15 тиот век и од тогаш е нераскинлив дел од исхраната, но архиолозите докажале дека уште старите римјани знеле за оризот и го одгледувале.

Тарамисуто во превод значи ,,земи ме,, тарамисото е традционален италјански колач, мојот омилен десерт.Кој мора а да не се проба, неговиот вку е божествен, мораш да ја насетиш неговата арома и вкус кои ќе ти останат во сеќавање многу долго време.

Храната во италија е вистинско уживање за Италјанецот, кој сака секогаш да јаде во друштво, со семејството или со пријателите, дома или во ресторант не е важно,Но вистински ужива во сензационалните вкусови на италјанските традиционални рецепти.

Забрането е било какво копирање или умножување, без претходна консултација со авторот.


Нема коментари: