понеделник, февруари 09, 2009

Колекција


Покрај многуте обврски што ѓи имам на професионален план, наоѓам време и за моето хоби.Хоби кои опсесивно индуцира минување на слободното време во она што навистина го сакаш.Хоби во кои навистина уживам и многу опсесивно се посветувам е колекционерството на нумизматика и антиквитети-старини.

Мојата нумизматичка збирка содржи 591 нумизматички предмет.Од кои 203 се банкноти од периодот на 1880 година па се до 2005 година модерни банкноти од 53 држави од светот.Банкнотите се распоредени спред континентити во 5 групи:


-Бакноти од Европските држави:

-Банкноти од Азиските држави;

-Бакноти од Африканските држави:

-Банкноти од Јужна и Северна Америка;

-Банкноти од Австралија и Окејанија.

Мојата нумизматичка збирка од монети се состои од 388 монети од целиот свет.Распоредени во 3 групи:

-Монети до средниот век;

-Монети до 19 век;

-Модерни монети

Првата група се состои од 71 монета со старост од 700 години.53 монети се со строст до 150 години, а другите монети се модерни монети од целиот свет.Највеке се застапени од државите од Европа, а најмала е подгрупата на монети од централно-јужно африканските држави.Мојата најмала монета е Кандска златна монета со дијагонала од 1 см, а најголемата монета ми од Кина со висина од 5,5 см и ширика од 5 см.

Илустративно Ви ја доловувам мојата колекција.

Сите оние кои ке сакаат да донираат или размената стара нумизматика Ве молам исконтактирајтеме на мојата е-маел адреса: aleksov88@gmail.com



Мојата етнолошка колекција е скромна се состои од 151 етнолошки предемет.32 предмети се антиквити, а останатите се во периодот после втората светка војна поделени во 3 групи:

-Етнолошки предмити од народното стопанство;

-Традиционални предмети користени во домакинството;

-Носии и накит.

Збирката се состои од мариовска, кривопаланечка и овчеполска носија.Предмети користени за чување, складирање, служење и подотвување на храната.Разни видови на сита, чупани, вагани, ноќви, разно глинени садови:бардаци, црепни, грне, врчва, ќупови, и многу предмети од народното стпанство:земјоделството, сточарството и пчеларството.

среда, февруари 04, 2009

Исхраната во древна Македонија

Местоположбата на Македонија, била клучот за разновидноста во исхраната.Македонија е ризница на многу разлилни видови на ароматично овошје и зеленчук.Уште во антиката овошјето и зеленчукот биле главните карактеристики на македонската кујана.
,,Лукот, кромидот, морковот, зелката, разни салати, овошјето ја вразуваат една со друга сезона,,1Зеленлукот највеке се конзсумирам свеќ, но древните Македонци од него подготвувале многу рецепти.Многу од тие древни рецепти, опстоиле низ вековите, пренесувани од генерација на генерација не допреле и не освиле до ден денес.Јаболката, дуњата, грозјето биле најдоброто во древна Македонија, благодарение на високо квалитеното сочно овошје древните Македонци измислиле многу напивки, многуте овошни напивки денес, влечат корени од антиката.Благодарени на Македонците овие овошни рецепти, денеска дакеу помодерни, преставуват најомилени пијалоци низ целиот свет.Македонците го сушеле овошјето, природно под Македонското сонце, сушените смокви, грозјето, јаболките, сливите, крушите ги допреле сите народи од тогашниот познат свет.Македонската фаланга со неа секогаш го носела македонското сушено овошје, да го вкуси и во Вавило, Египет па се до Индија, па така го пронеле овој рецепт на сите народи во античкиот свет.Ни прубавите овошмни градини не останеле инмуни.Околу александровите градови изникнале пејсажи со овошни насади слични на Македонските.
,,Земја со толку мали космилки размери што сознанијата на слични обилаи, рецепти војни и идеи приживеале со некоја мала етничка специфика.Ако Македонците владееле со светот не ни чудо што многу пронајдоци потекнуваат од Македонија.Еве еден пример за настанување на првиот сладолед што го подготвиле Александровите војници под Хилалаите.
Слетко суво овошје од грозје, смокви, кајсии се мешале со подмрзнат снег.Се додава мед или слатко македонско дрвце за да стане храна за освеќување,,2
,,Алхохолот слуќел за дезинфекција на грлото, раните и рацете, како превенција од инфекции, исто како и денес,,3Ова сведочи колку била развиена свеста на древните Македонци за медицината, науката, и благодетите на храната како лек.Древните Македонци направиле еден голем пресврт и развој во исхраната, освен големата свесност, дека нраната преставува најдобриот лек, тие знаеле за која болест каква храна да кнзумираат, за да победат болеста.Многу успешно ја комбинирале храната, го знеле енергетскиот состав, калоричноста, тоа и овозможило да ја комбинираат исхраната во зависност од потребите.
Многу рибари низ светот незнаат каде е Македонија, но знаат дека Македонците први ги измислиле вештачките мамци.Рибите во исхраната ги имало преку целата година, се подготвувале на различни нацини и комбинации.
Дивечот во македонските шуми бил неброен, разни видови на дивел, вкусно подготвени, задолќително за време на празниците, прославите и веселбите се сретнуваат на богатите трпези.Дивечот ако преставувал некакопв луксуз, сакајки да ја покаже домачинот својата економска моќ, мекото, јајцата и месото од домашните жиивотни секојднево се наогало на Македонската тпеза,,Од овцата се користело месото, мелекото, сирењето и волната.Кожата од овцата и од другите животни се користеле за тапани, штитови, ремени, сандали, елеци, седла,,4
Древните Македонци приготвувале и разни видови на варива, ги приготвувале од грав, леча, ориз и коноп.
Камените бртви во кој се ловеле пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед.Медот е природен дар, многу вкусна слатка храна и мочен лек, ѓи шранел македонците отсекогаш,,Медот од грне со години не ферментира и не губи од енергетската вредност,,5.За големата користеност на медот уште од многу аиладии години наназат. сведочат многуте земјини садови, изработени специјално за чување на медот, кои се сретнуват низ архиолошките локалитети низ Македонија.
Виното е старо колку и човечтвото.Од виновата лоза која природата ја подарила на овие простори, Македонците знеле уште од древнина да ја приготвуваат благородната течност виното.,,Виното во Македонија се пиело повеке од водата.Секоја година со регрутите од Пелаа тргнуваат каравани и бродови, се сочувале редовите на ќуповите, амфори, метални теракотни, златни пехариод кој што Македонците наздравувале асо виното,,6.Со него се славело секој Македонски обишачај, крштевка, свадба, победа.Пехарите за винолуксузно изработени, го прплавиле целиот антички свет.Од Рим-Египет-Персија до Индија, бил пренесен вкусот на македонското вино, традицијата за слава со пехар пол со вино, ја применувале многу владетели во светот и по Александар.И денеска Европските кралеви и кралиуци знат да ги прослават големите настани со пехар направен од злато на кој е насликан вечниот македонски симбол-сонцето.
Дали сте знеле дека Александар Македонски не само што користел здравец, туку како што кажува Плутарах, тој ги подучувал своите другари како здравецот да го употребуваат и како лек.
Различни цивилизации низ оваа крстосница, оставиле и многу благодети во исхраната, Македонија не останала иомуна, туку со посебен жар ги одомаќиниила, давјаки и поголема димензионалност, негувајки ги рецептиите на нашите поколенија, пренесувани од колено на колено се мприготвуваат и ден денес.Се менувале владетели кралеви, императори од ропство на ропство пагал македонскиот народ.Тоа придонело во средниот век да се сретнува оскудна исхрана, рецепти со многу малку состојки.Но родната Македонска земја секогаш рагала жиито, зеленчук и овошје, иако македонецот го деле со освојувашт секогаш останувало и за него.
Македонија е едена од најстарите цивилизаации во светот, Македонецот за човечката цивилизација придонел многу, неизбришлив од светските случувања, не само во гастрономијата туку и во сте науки овој народ дал многу од древнина па се до денес.
1,2,3,4,5,6(цитат од Национална Гастрологија, Проф. Д-р Васко Цуцулевскии стр.98, 99, 100, 101)
Сите права се задржани од авторот.

вторник, февруари 03, 2009

Good Food Show-денови на светската гастрономија

Во Лондон светската метроплоа од 14 до 16 Ноември, се одржуваат денови на светската гастрономија.Во огромната затфорена просторија, на едно место, во исто време, се презентира, дегустира, вина од целиот свет, традиционални производи, многу рецепти, алхохолни пијалоци, имаше штандови со ресторани, па се до медицинска храна, штанд за продажба на книги од гастрономијата, па се до штандови за продажба на ножови и кујнски садови со висок квалитет.Салата беше преполна со луѓе, незнаеш буквално од каде да почнеш да разгледуваш, уште на првите чекори од влезот, ќе Ве поздрават со насмевка, луѓето задолжени да ја прикажат нејзината земја со најдоброто.И веднаш ќе ти понудат да пробаш некое традиционално јадење или вино.Буквално незнеш што прво да пробаш, а ако знеш добро англиски, неможе а да не ве прашаат, како Ви се допаѓа.Од одговорот веднаш го препознабат твојот англиски, ако разбираш добро, веднаш ке ви ја доловат убавината на нејзината земја, ќе и ви кажат за нејзиното гастрономско богатство.Кашкавалот, разните видови на сирења и виното беа највеќе застапени, неможеш да поминеш покрај францускиот, италјанскиот, шпанскиот, романскиот и гршкиот штанд а да не пробаш од нејзините традиционални сирења.Сите како да беа во еден натпревар, а нагрдата за нив е твојот коментар, да кажеш дека нејзиното е најдобро.Највеќе ми се допадна кинескиот, мексиканскиот и шкотскиот штанд.Мексиканскиот штанд толку ја беше доловил адмосверата на својата земја, што имаш чуство дека се наоѓаш во Мексико, освен што е задолжително да пробаш некое мексиканско јадење, добиваш и подарок традиционален мексикански шешир.Кинескиот штанд беше најголем, 8 професионални готвчи пред тебе приготвуваат традиционални кинески рецепти, а келнерите се немилосрдни, веднаш те прашуват за твојот избор, шта сакаш да пробаш, веднаш ќе те послужат некое јадење, со кинески стапчиња.Избрав нешто како вариво, со помисла дека дека можеби нема да добијам стапчиња, зошто неможам да јадам со нив, но небеше така иако во јадењто имаше малку вода и малку зеленчук ми дадоа и стапчиња, ја искористив гужвата и го фрлив кинеското вариво, но оставив добер коментар.Освен храната и пијалоците се сретнува и многу алхохолни пијалоци и кафе.Пред самиот штанд стојат убави дами. неможеш да поминеш а да не пробаш, поради младоликиот изглед не ми понудуваа алхохол, но кафето не изостануваше.Јас не сум јубител на кафе, но одвај се воздржав, да не се позне на моето лице, дека кафето е ужасно, но бидејки се служи во мали количини успејав да го голтнам.Додека да ги разгледаш гастронската понуда низ светот, многуте штандови, буквално незнеш кога времето поминало.

По доста солидна цена, три мецеци претходно, успејав да обезбедам билет, за презентација на Negella Lawson еден од најпознатите Англиски готвачи.Искустото од презентацијата беше големо, иако на мојата карта пишуваше дека треба да седнам некаде во последните редови, јас си седнав во втората колона, со помисла дека некој ке ме раскорне но небеше така.Презентацијата беше водушувувачка, освен многуте тајни од гастронојата, Nadalla приготви и рецепт.Презентацијата траеше 1 час и половина, сите присутни беа презадоволни од презентацијата.Од присутните имаше многу шефови, менаџери и специјалисти во гастрономијата, от секаде од светот.

На Show можеше да сретнат најпознатите англиски гастрономи Heston Blumenthal, James Martin, John Torode, Annabel Karmel, Tom Kitchin, Gary Phodes i Jejms Oliver, сите со свои книги со рецепти, честопати расположени да ти ја потпишат книгата.

Големата организација на највисоко ниво, не потфарли и оваа година можеше слободно да се каже, дека ова е најголемиот настан за гастрономија во светот.
Сите права се задржани од авторот

понеделник, февруари 02, 2009

Македонска кујна

Македонската кујна има многу долга и позната традиција на кулинарски специјалитети.Отсекогаш низ вековите карактеристика на македонската кујна преставувало овошјето, зеленчукот, медот, зачините, млечните производи, месото и дивечот.Плодните македонски почви, умерената топла клима и еколошката средина предонесуваат Македонија да е ризница на многу различни видови на овошје, зеленчук и зачини, па тоа се и главните состијки на македонските специјалитети, со што Македонската кујна е една од ретките во светот кој може да се пофали со здрава храна.Покрај растителното богатство, македонската кујна преставува ризница на ароматично телешко, свинско, пилешко месо и надаледу прочуеното македоско квалитетно јагне.Шуми изобилуваат со разни видови на дивеч.Македонското месо е со посебен квалитет, животните се напасуваат по македонските псиста, хранети со еколошка органска храна , придонесува месото и млекото да се со посебна арома која од далеку може да ја почуствувате.Македонската кујна е позната по производство на многу видови на кулинарски специјалитети од млечни производи-киселото млеко, јогуртот, маслото, и многуте видови на сирења и кашкавал.Видови сирења има колку и села во Македонија, кои и денеска се прават на традиционален нашн од наследените традицонални рецепти од поколенијата.250 сончеви денови во годината, карактеристиките на почвата, релјефот, мразот и ветерот придонесуваат вината да се со светски квалитет направени од автентични македонски лози.Македонските винари произведуваат вина рамо до рамо со квалитетните француски и италјански вина.Во Македонија се десталираат и надалеку бараните македонски традиционални пијалоци-лозовота раќија и мастиката направени на традиционален рецепт на традиционален начин.Македонската кујна не останала имуна на соседните кујни и турската кујна, прифатила многу рецепти од овие кујни, но на овие рецепти и дала посебен жар и ги одомаќинила и ден денеска се приготвуваат во македонските домакинства.Вистинско гастрономско богатство ке почуствувате во тавче гравчето, зелникот, селското месо, турлитавата, баницата, мусаката, пастрамајлијата и неповторливиор македонски ајвари.Сите традиционални македонски рацепти може да ги најдете на мојата веб стана
http://www.aleksov-gastronomy.com/
сите права се задржани од авторот

недела, февруари 01, 2009

Омилен рецепт и коктел

Мој омилен рецепт, кој Ви го препорачувам;

БЕЧКА РОЗБРАТНА
Потребни состојки- за 4 лица
-800 гр. јагнешка розбратна;
-2 главици кромид;
-600 гр. компири;
-масло за јадење;
-магданост;
-сол, црн пипер
-20 гр. сенф;
-80 гр. путер.
Приготвување:
Месото најправо се премачкува со сенф, потоа се сече на тенки парчиња.Парчињата ги толчиме со дрвен чук и ги посолуваме и зачинуваме со црниот пипер.Вака приготвени ги ставаме во тава да се пржиме во растопен путер.Компирите ги сечкаме на коцки и ги ставаме на тенџере со оган да се варат, посолуваме и додаваме мало.Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме во загреано масло.Парчињата месо ги превратуваме во тавата.Магданосот ситно го сецкаме и го додаваме во тавата со кромидот.Кога месот ке испржи го сервираме во чинија , околу месото ги ставаме коцките компири.Врз месот го прелеваме сосот со кромид и магданост, сервираме со китка од домат и компирите како гарнир. ДОБАР АПЕТИТ
Посетете ја мојата web strana Ви нудам 150 рецепти
http://www.aleksov-gastronomy.com/default.htm

Омилен десерт, кој морате да го пробате;

ФЛАМБИРАНИ БАНАНИ
(Фламбираните јадења се многу вкусни, и се подготвуваат на многу интересен начин па изненедете ги саканите, пригответе го овој рецеп пред нив ке бидат многу изнадени.
Потеребни состојки- за 2 лица
-Две ичистени банани исечени по должина;
-Кристал шекер;
-Сок од портокал;
-Сок од лимон;
-Сладолед,
-Ванила;-Стопено чоколадо.
Приготвувања:
Тавата ја загреваме го додаваме путерот, две лажици шекер, и го оставаме шекерот да калемарилизира, потоа се додава сокот од портокал и сокот и лимон.Ги ставаме бананите во поготвената смеса да омекнат.Го загрваме вињакот, кога ке се загре го сипуваме врз банаите и запалуваме.Кога оганот ке изгаси на ладни чини се става сладоледи и ванила а врз бананите се додава растопено чоколадо.ДОБАР АПЕТИТ
Посетете ја мојата web straa Ви нудам 100 десерти од интернационалната кујна
http://www.aleksov-gastronomy.com/
Коктели, моја препорака за Вас
КОКТЕЛ,,ФЛАМИНГО,,
-1/4 сируп од киви;
-1/2 сок од бананa;
-1/4ликер од праска;
-1/3 цеден лимон;
-1/3 цеден портокал;
се доплнува со тоник.

Коктел, безалхохолен
КОКТЕЛ,, ДЕТСКА РАДОСТ,,
-2/2 праски;
-2 плочки ананас;

-2 топки сладолед од јагода;
-50 гр. сок од портокал;
-50 гр. сок од ананас;
-30 гр. сок од лимон;-1 б.л шеќер во прав;
-1 б.л сируп гренандин и
додаток пасеризирано млеко.
Посетете ја моја web strana Ви нудам 101 коктел


http://www.aleksov-gastronomy.com/default.htm

Сите права се задпжани од авторот

Искачување во Bouldering Шкотска

Некои работи, едноставно неможа да се доловат или опишат со најубавите зборови, туку едноставно треба да се доживејата, почуствуваат.Ќе се обидам драги пријатели, да ја споделам со Вас, мојата прва алпинистича експедиција во Bouldering, Шкотска-Велика Британија.

После напорните месечни тренинзи и психолошки подготовки во салата во Hertrofdsnire, опремена со насовремена алпинистичка опрема.Иако во висока затворена просторија, архитектот толку многу се соживејал со просторот, толку ја доловил адмосверата на планината, што просторот потикнува чуство во тебе, дека се наоѓашна недопирливите планински врвови.
Високо професионалниот водич, кога направи ревизија, дали секој од нас успешно ја поставил опремата.Ни се обрати со краток потикнувачки говор, за да ја разгори желбата во нас, да го достигнеме врвот.Иако говорот беше краток, тренерот толку многу се соживеја со зборовите и просторот, што заборави дека во групата има многу странци, кој не разбираат толку прфектен англиски.Иако не разбрав што точно каза, нестрпливоста да пошне експидицијата беше голема.
Јажето за сигурност го врза водичот, со некоја посебна техника, ја провери пак и опремата, и ми даде знак да започнам со искачувањето.Само малку од самот почеток, храброста ме изневери, искаќувањето беше многу поинакво од искачувањето во сала.Срцето забрзано ми чукаше, прстите ми ја бара секоја пукнатина од карпата.Поголемите сигурни пукнатини ми помогана на моменти да здивнам.Се искачував полека на моменти немав идеја, каде да стапнам поминуваше и 15 минути а јас бев на истото место.Колегите од тимот се откажаа на средината или при самиот крај на не толку тешката карпа за искашување.И во мене понекогаш, гореше желбата да се откажам, но некоа посебна сила однатре ме потикнуваше да одам докрај, да го достигнам врвот.
Карпата како да имаше душа, копнееше копнежот во мене да го достигнам врвот, но заморот веќе се чуствуваше.После половината старата карпата веќе ѓи имаше изразено своите брчки, па беше многу полесно искачувањето, па така стасав до врвот.А таму сите ме дошекаа со топла насмевка, и сите радуваме заедно на убавата експедиција.
Ахглиското сонце кое ретко се појавува од зад темните облаци, веќе заогаше, после малата прослава со брза храна и пијалок, тргнавме кон Лондон.Патот беше многу долг се возвме повеке од 7 часа, но целото време се пренесуваа доживувањата од експедицијата, во разговорот јас често отсуствував, поради мојот англиски.
Мојата прва експедиција, беше посебноз за мене, која секогаш ќе остане во преубавите сеќавања.
Сите права се задржани од авторот.

Туризамот-клуч за развој и вработување во Р. Македонија

Туризамот преставува најголемата индустрија во светот.Туризамот во последните децении добива масовен карактер како во меѓународните движења така и во движењето на туристичкиот пазар во оделени земји и региони.
Познавајки го туристичкиот потенцијал на Македонија - туризамот треба да преставува фактор за заживување на стопанството и националниот доход на нашата земја.Најразвиените економски држави во светот се туристички најразвиени и посетени.Туризамот е тој што придонел за нивниот брз развој.Туризамот треба да преставува девигател за развој, само тој може да ја направи македонија подобро место за живење.
Туризамот спага во групата на терцијални дејности, неговата терцијалност има потреба за вработување на работно способно население.Во тој поглед туризамот влиае директно и индиректно.Директното влијание на туризамот се изразува во зголемувањето на туристичкиот промет и потрошувачката, за задоволување на домашните и станските туристи потребно е голе број на работна сила во дејностите на туристчкото стопанство, и директно ангажирање на приватните домакинства во туристичките места кои пружаат услуга на храна , сместување и многу други потреби на туристите.
Исто така се зголемува бројот на невработените на нестопанските дејности, кои учествуваат директно во задоволувањето на туристите.
Развојот на туризамот во Македонија значително ке влиае врз оживувањето на на стпанската активност како и зголемувањео на животниот стандард на наеслението.
Со развој на селскиот, планинскиот, еко туризамот за коиј Македонија има голем потенцијал ке дојде до заживување на руалните области на Македонија кои со последните децении населението од овие подрачја масовно се иселило и се иселува поради невработеноста и неразвивањето на овие подрачја.
Туризамот продира во сите пори на општествениот и културен живот во туристичкото место и околината.Определувајки се за ставот кон туризамот може да се види неговата хетрогена стоанска дејност, т. е како сложен систем кој е составен од поголем број под системи се укажува на комплексноста на неговиот производ, т.е туристичкиот производ.
Туристичкоот производ е специфичен зошто овозмозува одредена убавина, место културно наследство да се валоризира и да се заработи од тој предмет или природна убавина.
Туризамот е фактор за побраз стопански развој и вработување на голем број работноспособно население.
Сите права се задржани од авторот

Туристичкиот потенцијал на Република Македонија

Р. Македонија располага со туристички потенцијал да се најде на листата на 20 најатрактивни туристички држави во светот.
-Да ние немаме море-но имаме прекрасни планини, најубави езера, бањи и недопрени природни убавини и реткости.
-Она што е Бразил во фудбалот, Шпанија во туризамот, Америка во економијата, Македонија е прва по културно наследство, аршиолошки локалитети, древни и едини артефакти.
-Ни една држава во светот нема илјадници откриени и илјадници не откриени архилоохки локалитети.Напластена последователна цивилизација-безброј убави артефакти...
-Македонија го има Александар Македонски Велики.-Колку држави во светот се спомнуваат во библијата.Само неколку.
-Македонија располага со уникатни средновековни цркви, манастири, џамии и фрески кои со својат убавина уникатнос и специфицнос се реткос во светот.
-Македонија располага со богато културно наследство.Според податоците на Републишкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија, евидентирани се 9.876 недвижности меѓу кои 4.260 архилошки локалитети, 1726 цркви и манастири со над 150. 000 м2 фрескоживопис, над 26 000 икони и 420 иконостаси, балдахинии владички тронови во резба, 1.213 објекти од старата градска и селска архитектура, 47 кули, тврди и мостови, 1.026 споменици и спомен обележја, 126 објекти од исламската архитектура, 24 чаршии, 32 стопански објекти и многу други видиви градби.Во музеите, галериите, во музејските и галериските збирки се чуваат над 500. 000 мјузијски експонати, во библиотеките збирки над 4.400 ракописи, 11. 411. 200 старо печатени книги.Само да нагласам дека за време на војните од Македонија се изнесоа илјадници артефакти кои ги красат ветрините, на соседните и европските земји.
-Македонија е матрица, лулка на на словенската писменост, земја кој и дала писменоста на пола свет.
-Американските научници откриле дека Охрид е најстариот град во Европа, а за Охрид што да се каже со својата специфичност, уникатнос и убавина не може да се описе со зборови, едноставно трба да се почуствува и да се види.
-Мекедонските бањи се едни од најлековитите во Европа и пошироко и преставуваат добра туристичка понуда.
-Селскиот туризам е бренд во светот многу атрактивен за туристите, а на ова поле македонија има голем капацитет има прекрасни села, традиција, природа, национални специјалитети, селска архитектура и многу други занимливости за урбаниот турис кој бара вакви места.
-Македонија на странските туристи може да и понуди и вински туризам, планинарене, волосипедизам, пештерски туризам, ловен туризам.Македонија располага со голем туристички потенцијал треба да се работи многу на оваа поле.Туризамот е иднината на Македонија само тој може да ја придвизи економијата и да ја намали невработеноста со својата терцијалнос вработува голем дел од работната сила.
Сте права се задржани од авторот

Дали лидерите се раѓаат или создаваат

Менаџментот како наука, точно зацртал принципи, квалитети, особини , вештини кои трба да ги поседува лидерот.Меѓутоа , оптималното поседување на сите лидерски способности е невозможен идејал.По ова може да се заклучи дека нема родени лидери, туку тие се создаваат.
На менаџментот му се пропишува својство на наука, умешност, професија, и уметност.Теорија ,,Менаментот како умешност,, е заоснована на сваќањето дека успешните менаџери се раѓаат со преодредени карактеристики,Учењето е основна препоставка за развој на менаџментот како умешност.Менаџерот делува во пракса и преминувајки ги теоретските сознанија треба да стане есперт во овааа област.Сепак уметничкиот дел од менаџментот тешко се учи.На пример во спортот многумина напорно тренираат а сепак нема да станат врвни спортисти.Многумина свират и сликаат но само еден е Моцарт.По оваа аналогија , на многу лидери и недостига многу малку да станат успешни менаџери, но сепак тој мал дел од управувачката активност не се учи.Јас би реплицирал на оваат терорија,, Дека менаџерит-лидери, треба да имаат надпросечна интелигенција , но не ниво на генијалност.
Денешниот современ т.н.р создаден лидер поседува бројни важни особини.Тоа значи дека управувањето не може да се зоснова само на книги и наука, управувањето пред се бара способност, комуникација , психологија, интуитивност, креативност и искуство.
Лидерит треба да се исклучително квалитетни стратези, со одлична лична концептуални способности и гледаат на далеку со јасна зацврстена визии.Лидерите траба да бидат енергични и харизатични , а со својата комуникатибилност воодушевуваат.Со својата работа делуваат инспиративно, така што нивното темпо спонтано го следат другите вработени.(Батковска, 2007).
Оставете ваш коментар ако сметае дека лидерите создават или пак раѓаат.
Ви благодарам
Сите права се задржани од авторот