понеделник, февруари 09, 2009

Колекција


Покрај многуте обврски што ѓи имам на професионален план, наоѓам време и за моето хоби.Хоби кои опсесивно индуцира минување на слободното време во она што навистина го сакаш.Хоби во кои навистина уживам и многу опсесивно се посветувам е колекционерството на нумизматика и антиквитети-старини.

Мојата нумизматичка збирка содржи 591 нумизматички предмет.Од кои 203 се банкноти од периодот на 1880 година па се до 2005 година модерни банкноти од 53 држави од светот.Банкнотите се распоредени спред континентити во 5 групи:


-Бакноти од Европските држави:

-Банкноти од Азиските држави;

-Бакноти од Африканските држави:

-Банкноти од Јужна и Северна Америка;

-Банкноти од Австралија и Окејанија.

Мојата нумизматичка збирка од монети се состои од 388 монети од целиот свет.Распоредени во 3 групи:

-Монети до средниот век;

-Монети до 19 век;

-Модерни монети

Првата група се состои од 71 монета со старост од 700 години.53 монети се со строст до 150 години, а другите монети се модерни монети од целиот свет.Највеке се застапени од државите од Европа, а најмала е подгрупата на монети од централно-јужно африканските држави.Мојата најмала монета е Кандска златна монета со дијагонала од 1 см, а најголемата монета ми од Кина со висина од 5,5 см и ширика од 5 см.

Илустративно Ви ја доловувам мојата колекција.

Сите оние кои ке сакаат да донираат или размената стара нумизматика Ве молам исконтактирајтеме на мојата е-маел адреса: aleksov88@gmail.com



Мојата етнолошка колекција е скромна се состои од 151 етнолошки предемет.32 предмети се антиквити, а останатите се во периодот после втората светка војна поделени во 3 групи:

-Етнолошки предмити од народното стопанство;

-Традиционални предмети користени во домакинството;

-Носии и накит.

Збирката се состои од мариовска, кривопаланечка и овчеполска носија.Предмети користени за чување, складирање, служење и подотвување на храната.Разни видови на сита, чупани, вагани, ноќви, разно глинени садови:бардаци, црепни, грне, врчва, ќупови, и многу предмети од народното стпанство:земјоделството, сточарството и пчеларството.

Нема коментари: