вторник, февруари 03, 2009

Good Food Show-денови на светската гастрономија

Во Лондон светската метроплоа од 14 до 16 Ноември, се одржуваат денови на светската гастрономија.Во огромната затфорена просторија, на едно место, во исто време, се презентира, дегустира, вина од целиот свет, традиционални производи, многу рецепти, алхохолни пијалоци, имаше штандови со ресторани, па се до медицинска храна, штанд за продажба на книги од гастрономијата, па се до штандови за продажба на ножови и кујнски садови со висок квалитет.Салата беше преполна со луѓе, незнаеш буквално од каде да почнеш да разгледуваш, уште на првите чекори од влезот, ќе Ве поздрават со насмевка, луѓето задолжени да ја прикажат нејзината земја со најдоброто.И веднаш ќе ти понудат да пробаш некое традиционално јадење или вино.Буквално незнеш што прво да пробаш, а ако знеш добро англиски, неможе а да не ве прашаат, како Ви се допаѓа.Од одговорот веднаш го препознабат твојот англиски, ако разбираш добро, веднаш ке ви ја доловат убавината на нејзината земја, ќе и ви кажат за нејзиното гастрономско богатство.Кашкавалот, разните видови на сирења и виното беа највеќе застапени, неможеш да поминеш покрај францускиот, италјанскиот, шпанскиот, романскиот и гршкиот штанд а да не пробаш од нејзините традиционални сирења.Сите како да беа во еден натпревар, а нагрдата за нив е твојот коментар, да кажеш дека нејзиното е најдобро.Највеќе ми се допадна кинескиот, мексиканскиот и шкотскиот штанд.Мексиканскиот штанд толку ја беше доловил адмосверата на својата земја, што имаш чуство дека се наоѓаш во Мексико, освен што е задолжително да пробаш некое мексиканско јадење, добиваш и подарок традиционален мексикански шешир.Кинескиот штанд беше најголем, 8 професионални готвчи пред тебе приготвуваат традиционални кинески рецепти, а келнерите се немилосрдни, веднаш те прашуват за твојот избор, шта сакаш да пробаш, веднаш ќе те послужат некое јадење, со кинески стапчиња.Избрав нешто како вариво, со помисла дека дека можеби нема да добијам стапчиња, зошто неможам да јадам со нив, но небеше така иако во јадењто имаше малку вода и малку зеленчук ми дадоа и стапчиња, ја искористив гужвата и го фрлив кинеското вариво, но оставив добер коментар.Освен храната и пијалоците се сретнува и многу алхохолни пијалоци и кафе.Пред самиот штанд стојат убави дами. неможеш да поминеш а да не пробаш, поради младоликиот изглед не ми понудуваа алхохол, но кафето не изостануваше.Јас не сум јубител на кафе, но одвај се воздржав, да не се позне на моето лице, дека кафето е ужасно, но бидејки се служи во мали количини успејав да го голтнам.Додека да ги разгледаш гастронската понуда низ светот, многуте штандови, буквално незнеш кога времето поминало.

По доста солидна цена, три мецеци претходно, успејав да обезбедам билет, за презентација на Negella Lawson еден од најпознатите Англиски готвачи.Искустото од презентацијата беше големо, иако на мојата карта пишуваше дека треба да седнам некаде во последните редови, јас си седнав во втората колона, со помисла дека некој ке ме раскорне но небеше така.Презентацијата беше водушувувачка, освен многуте тајни од гастронојата, Nadalla приготви и рецепт.Презентацијата траеше 1 час и половина, сите присутни беа презадоволни од презентацијата.Од присутните имаше многу шефови, менаџери и специјалисти во гастрономијата, от секаде од светот.

На Show можеше да сретнат најпознатите англиски гастрономи Heston Blumenthal, James Martin, John Torode, Annabel Karmel, Tom Kitchin, Gary Phodes i Jejms Oliver, сите со свои книги со рецепти, честопати расположени да ти ја потпишат книгата.

Големата организација на највисоко ниво, не потфарли и оваа година можеше слободно да се каже, дека ова е најголемиот настан за гастрономија во светот.
Сите права се задржани од авторот

Нема коментари: