недела, февруари 01, 2009

Искачување во Bouldering Шкотска

Некои работи, едноставно неможа да се доловат или опишат со најубавите зборови, туку едноставно треба да се доживејата, почуствуваат.Ќе се обидам драги пријатели, да ја споделам со Вас, мојата прва алпинистича експедиција во Bouldering, Шкотска-Велика Британија.

После напорните месечни тренинзи и психолошки подготовки во салата во Hertrofdsnire, опремена со насовремена алпинистичка опрема.Иако во висока затворена просторија, архитектот толку многу се соживејал со просторот, толку ја доловил адмосверата на планината, што просторот потикнува чуство во тебе, дека се наоѓашна недопирливите планински врвови.
Високо професионалниот водич, кога направи ревизија, дали секој од нас успешно ја поставил опремата.Ни се обрати со краток потикнувачки говор, за да ја разгори желбата во нас, да го достигнеме врвот.Иако говорот беше краток, тренерот толку многу се соживеја со зборовите и просторот, што заборави дека во групата има многу странци, кој не разбираат толку прфектен англиски.Иако не разбрав што точно каза, нестрпливоста да пошне експидицијата беше голема.
Јажето за сигурност го врза водичот, со некоја посебна техника, ја провери пак и опремата, и ми даде знак да започнам со искачувањето.Само малку од самот почеток, храброста ме изневери, искаќувањето беше многу поинакво од искачувањето во сала.Срцето забрзано ми чукаше, прстите ми ја бара секоја пукнатина од карпата.Поголемите сигурни пукнатини ми помогана на моменти да здивнам.Се искачував полека на моменти немав идеја, каде да стапнам поминуваше и 15 минути а јас бев на истото место.Колегите од тимот се откажаа на средината или при самиот крај на не толку тешката карпа за искашување.И во мене понекогаш, гореше желбата да се откажам, но некоа посебна сила однатре ме потикнуваше да одам докрај, да го достигнам врвот.
Карпата како да имаше душа, копнееше копнежот во мене да го достигнам врвот, но заморот веќе се чуствуваше.После половината старата карпата веќе ѓи имаше изразено своите брчки, па беше многу полесно искачувањето, па така стасав до врвот.А таму сите ме дошекаа со топла насмевка, и сите радуваме заедно на убавата експедиција.
Ахглиското сонце кое ретко се појавува од зад темните облаци, веќе заогаше, после малата прослава со брза храна и пијалок, тргнавме кон Лондон.Патот беше многу долг се возвме повеке од 7 часа, но целото време се пренесуваа доживувањата од експедицијата, во разговорот јас често отсуствував, поради мојот англиски.
Мојата прва експедиција, беше посебноз за мене, која секогаш ќе остане во преубавите сеќавања.
Сите права се задржани од авторот.

1 коментар:

Анонимен рече...

Прекрасен текст