понеделник, февруари 02, 2009

Македонска кујна

Македонската кујна има многу долга и позната традиција на кулинарски специјалитети.Отсекогаш низ вековите карактеристика на македонската кујна преставувало овошјето, зеленчукот, медот, зачините, млечните производи, месото и дивечот.Плодните македонски почви, умерената топла клима и еколошката средина предонесуваат Македонија да е ризница на многу различни видови на овошје, зеленчук и зачини, па тоа се и главните состијки на македонските специјалитети, со што Македонската кујна е една од ретките во светот кој може да се пофали со здрава храна.Покрај растителното богатство, македонската кујна преставува ризница на ароматично телешко, свинско, пилешко месо и надаледу прочуеното македоско квалитетно јагне.Шуми изобилуваат со разни видови на дивеч.Македонското месо е со посебен квалитет, животните се напасуваат по македонските псиста, хранети со еколошка органска храна , придонесува месото и млекото да се со посебна арома која од далеку може да ја почуствувате.Македонската кујна е позната по производство на многу видови на кулинарски специјалитети од млечни производи-киселото млеко, јогуртот, маслото, и многуте видови на сирења и кашкавал.Видови сирења има колку и села во Македонија, кои и денеска се прават на традиционален нашн од наследените традицонални рецепти од поколенијата.250 сончеви денови во годината, карактеристиките на почвата, релјефот, мразот и ветерот придонесуваат вината да се со светски квалитет направени од автентични македонски лози.Македонските винари произведуваат вина рамо до рамо со квалитетните француски и италјански вина.Во Македонија се десталираат и надалеку бараните македонски традиционални пијалоци-лозовота раќија и мастиката направени на традиционален рецепт на традиционален начин.Македонската кујна не останала имуна на соседните кујни и турската кујна, прифатила многу рецепти од овие кујни, но на овие рецепти и дала посебен жар и ги одомаќинила и ден денеска се приготвуваат во македонските домакинства.Вистинско гастрономско богатство ке почуствувате во тавче гравчето, зелникот, селското месо, турлитавата, баницата, мусаката, пастрамајлијата и неповторливиор македонски ајвари.Сите традиционални македонски рацепти може да ги најдете на мојата веб стана
http://www.aleksov-gastronomy.com/
сите права се задржани од авторот

2 коментари:

Анонимен рече...

KOLEGA TVOJATA STRANA E SUPER SAMO PRODOLZI TAKA I PRAVI USTE POUBAVI STRANI ZA NASATA SRUKA I ZANAET TOA E GATRONOMIJATA.DA GI ZAPOZNAIME I TIE SO SI NEMAT POJMA OD GOTVEJNE I AKO TREBA DA GI NAUCME DA JA CENAT NASTA PROFESIJA KAKO SO JA CENME NIE I JA ODBRAVME DA JA RABOTIME.

Анонимен рече...

Ви благодарам за коментарот.Мојот блог го посветувам на сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за гастрономијата.Гастрономијата е едена голема наука, освен делот за готвење наменет за јубителите во готвењето, ке опфатам и многу едукациски гастрономски теми.Опструиран што на интернет не може да се пронајде текс за македонксата кујна, а камоли за исхраната во античка Македонија и неолито, мојата цел е благородна, да ги запознам читателите за доприносто што го дале Македонците во светската гастрономија.Уште еднаш ке Ви се заблагодарам за коментарот, Вашиот коментар ме потикна да пишувам уште многу теми од преубавата гастрономија.Искрено ти пожелувам големи успеси во твојата омолена струка гастрономијата.Нема нешто поубаво ако го работиш навистина тоа што вистински го сакаш.Таквата јубов е веќе чекор до успехот.И без сомнение ти ке бидеш многу успешен менаџер во гастрономијата.