четврток, јуни 11, 2009
вторник, мај 05, 2009
Говедаров камен, Овче Поле
Верувањата во моќта на ова возвижение на блага падина на неколку метри надморска висоќина во рамното ко тепсија Овче Поле, неговата чудотворност те тера да веруваш буквално во чудо.Специјалноста на каменот е верувањето помеѓу народот дека овој камен има моќ да ја лекува неплодноста кај жените, ова верување за ваквата моќ на каменот се темели на една леѓенда:
Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа кога царицата останала пак бремена, тој ,пред да замине во војна, и се заканил дека до колку пак му роди женско дете да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки , во големиот страв го замениле детето мислејки дека пак ќе биде женско, со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот ја слушнал саканата вест : Царицата му родила син.Годините минувале. Несудениот царски син растел и се повеќе ги покажувал особините на својот цигански род : си играл со децата дека е циган и ги терал да лајат по него, да му ги кинат алиштата, имитирал како проси.Напоредно вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда. Меѓутоа и тој ги покажувал сите знаци на своето потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се војска, а тој од Каменот командува како вистински цар.На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш заканувајќи се со најлошото ги натерал дворјанките да ја кажат вистината. Кога ја дознал вистината веднаш со својата придружба пошол да го бара вистинскиот син.Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал, колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја придружба.Говедарчето го погледнало и му рекло:"Што е твоето богатство во однос на еден убав априлски дожд врз ова поле".Тогаш царот сватил дека тоа е неговиот син и прегрнувајки го, благословил сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата мака.1.
За Ѓурговден 5-6 мај на Говедаров Камен сокоја година догаат многу луѓе од земјава и странство од сите религии, најмногу невести, за да побаар лек за својата мака.
На овој празник секој жена што нема деца доѓа кај каменот, и бара кум, кој и помага да го изведат тредиционалниот ритуал.Кумот на каменот и објаснува на невестата и момчето како да го сплетат коланот.Малдите парови со црвена и бела волница трипати ја обиколуваат карпата, потоа невестата се качува на карпата, за да се измие од водата, потоа кумот и невестата застанати едни спротив друг помеѓу водичата, до плетат коланот во плетенка, и колот трпати со коланот го прфрлува трипати кон идната мајка и потоа кумот и го врзува коланон на половината на неветсата.Белата е симбол за ново кај древните македонци, црвената за плодност.Тоа е начинот на кои древните Македонци ја прославувале пролета, и ден денеска гордите Македонци, го слават овој древен празник, наследен од древните Македонци, плетат бело црвени панделки по познати по нардот како мартински.Жената го носи појасот до нареднта година, и нареднат година кога ке се роди новата рожба, доага на каменот со детето, носејки подароци.
И годината, и наредната година кога ке се роди новата рожба, доѓаат на каменот, со детето, носејки подароци најчесто јагне, машко или женско во зависност каво е детето, но тоа не е правило.Новата мајка само го избира подарокот.На ова свето возвишени од бога доаѓаат многу луѓе, зради здравие среѓа и успех во животот.На овој голем празник, овој голем празник има чудотворна моќ, секој си замислува желба и се обидува да откорне парче од каменот, ако успее ќе му се оствари посакуваната желба.Го гледаш ова чудо пед тебе и неможеш да поверуваш како овој камен за некој е мек и ја подарува својата својта чудотворна душа и многу лесно откорнуваш дел од неговото чудвотворно тело, а за некој колку и да се обидува неможе да жеме ни тронка каменче, од ова свето здние, срмажливо криејки ја чудитворноста за наредните поколенија.Ако откоренш дел од каменот другата година имаш обврска да го вратиш, а желбата беж никаков сомнеж ќе ти биде остварена.
Кога ќе се запршаш жителите на соседните села, дали биле сведоци на некое шудотворно излекување.Тоа за нив преставува најдрагоценото прашање.Па на долго и шроко ќе ти раскажуваат за чудата на кои сами биле сведоци.
-Сме биле живи сведоци на многу стотиции, мајки кои неможеле да имаат деца, кои современата медицина ги прогласувала за безнадежни случаеви, се варакале другата година со нова рожба и среќни лица-раскажуваат жителите на Анзибегово, Пеширово, Ерџелија кои секоја година традицонално догаат да го прослават празникот.
-Оваа е свето поле, ова е света земја-овде се догале врвни американски доктори, гиниколози па се до луге што не веруваат во светоста на ова место-жи гелаат шудата кои ги приредува само ова камено возвишение сред преубавото памно поле, а немоаж да поверуваат, се обидуваат да ја објаснат моќноста но никоѓаш никогаш не успеале, па ќе режат, напредната мидицина има уште многу да се развива и да учи.
-Раскажува дедо Зико кој континуирано на ова место 50 години, и жив сведок на многу чуда кој ќе рече,,Да ѓи раскажувам се што сум видел, ќе ми треба најмалку три дена, никој ама баш никој неможе да ја објасни чудотворната мистерија на ова место, ова свето поле, ова света македонска земја.
Уште многу одамна овој камен бил нарешен Говедаров.На него се кашувале говедарите за да видат дали пасат, говедат стдата овци, по униканите солени овчеполски пасижта кои се уникатни во светот со ваквата структура.
Говедаров камен останува над времињата и просторот, за со неговата чудесна моќ, да и помага на многу луѓе-кое неможе да се објасни, туку гордо те тера да веруваш дека постојат буквално чуда.
Ранетите самилови војници биле праќани во полето на овците, за да го барат единствениот говедаров камен.само иловите војници се замивале од водишката која извирала од малиот избор до големиот камен.Бил вчудовидени од неговата лековитост, раните за мик биле залечувани.
вторник, април 28, 2009
Куклица-туристичка атракција
тексот е авторско право
вторник, април 21, 2009
Ресторант ,,Парк,,-Гиновци
Првото доживување е незаборавно и најдолго останува и во овој случај беше така.Уште од далеку кога ке го здогледаш атрактивните објекти на ресторанот, самиот поглед и средина ги презема твоите чуства, сакајки или не копнежот да го видиш и доживееш ова место се разгорува силно во тебе.
Денот беше 21 април, втро ден велигден, и покрај празникот се изненадив колку луѓе дошле да уживаат во оваа убавина.Големиот паркинг бесе исполнед до последно место, а во ресторантот се бараше маса повеке.Пејсажот оклу тебе е нешто што не моше да се опише, дрвата само што почнеле да ги разленуваат новите листви, а имаше и рацветани дрвија и дава пријатен пирис на околината, мелодијата на птиците те релаксира, и те тера да уживаш во амбиентот на преувабото езерце, и да заборавиш на секојдневните обврски.Жагорот на децата е она што ја нарушува заспаната тишина на овој простор, децата беа рестрчани околу мини зоолошката градина, која за нив беше најинтересна.Пони коњчето освен на децата, и на возрасните и беше омилен, со својата дружојубивост, скротеност и поглед, те тера да бидеш негов пријател.Лебедите и шатките го припливуваа второто мало езерце низ коие минуваше убав мост.Разиграните јариња како да живејат со пулсот на посетителите, се радуват и скокаат во нивното живејалиште.Ламата, кокошките, ноеви, славееи, разни други птици можете да ги да се видат во мини золошката градина.За децата имаше посебно катче, со лулашки вртелешки, кои освен храната, срекните моменти во тоа катче се потик повеке, да го сакат ова место и да ѓи замолат родителите да дојдат повторно и повторно и повторно...
Ресторанот уреден во македонски автентишен дизајн, ја доловува душата на македонската кујна.Овде можете да ги пробате сите македонски традиционални јадења, и онеи што се надалеку познати, но немојте да се изненадите ако на менито забележите некое многу стари веке заборавено, а можете да го најдете овде. Морате драги мои да ги пробате, баницата и зелникот од овој регион пригтвени на традиционален начин, од искусните готвачи, се вистинско гурманско непофторливо доживување. А услугата комплетна, на времена секогаш ја задоволуваат секоја ваша потреба љубезниот персонал ве треира како крал.Ресторанот е затворен објект кој се употребува и во зимниот период, но надвор имам неколку летни бавчи, поставени на сплавови на езерото, но и тие беа полни.Сместени на езерцето поставени до самото копном уредени во етно стил, украсени со карактеристичните природни матријали, голем шанк за персоналод да ги задоволи сите ваши потреби најбрзо што е можно.Неколкуте летни бавчи иако одалечени од ресторанот, добрата организација на шефот е нешто што е за поздравување за големата ефикасност во посллужувањето.Нешто што ке ви падне во очи, е персоналот, кој како да сака да те убеди да ги пробате националите јадења и пијалоци.Просторот оклу ресторанот е уреден со фонтана и фортикултура, во уредувањето преовладуваат природни матријали дрвото и каменот, амбиентот го надополнуваат етно атиквитети.Овој ресторант е толку специфичен и посебен се замо заради амбиентот, занимливостите, туку самот ресторант ти ствара некое посебно чуство на задоволство и возбуда.Над ресторанот просторот го надоплнува мала црква посветена на Св. Павле.На менито на ресторанот атрактивна е и рибата, покрај ресторанот имам рибарник, па во секое време мозат да ти приготват пресна риба.Повелете посетете го овој рај, распространет на 5 хе, тоа ке биде нешто незаборавно, кои немозам да ви го опишам.
Текстот е авторско право
петок, април 17, 2009
Храната во неолитот во Македонија
МЛАДО КАМЕНО ВРЕМЕ-НЕОЛИТ ВО ОВЧЕ ПОЛИЕТО
Најстрите траги од живот во Овчеполието потекнуваат од далечното ново камено време-Неолит.За тоа сведочи архиолошкото наогалиште во Анзибегово.Овој архиолошки локалитет преставува еден од најбогатите во земјава и во Еврепо, и преставува огромно културно богаство за земјава но сеуште не е доволно проучено од архиолозите, овој архилошки локалитет крие уште многу мистерии.Во Р. Македонија имам околу 50 000 неолитски населби, кои сведочат за постанокот на Евпската култура и цивилизавија.
Поради грандиозноста, и непроценливата вредност на неолитските артефакти и наслби, ги има сите предуслови да се развие неолитски туризам не само на овие простори туку и низ цела Македонија.Во наредниот период мора многу да се работи за да се пропаѓира ваквиот вид на туризам и да се стави цена и да може да се продаде на современиот турист.,,Нажата рересанса е суштината на срдниот век, но ја имаат и други:Нажата антика е суштината на нтиката, но за жал големите сили и ја подариле на другии, на кои не и припага.Неолитот останува негибнат.Тоа е златно руно кое моше да донесе многу финансии,,(Васил Божиноски).Неолитот треба да ја афирмира Македонија, која има големи предусови за развивање на овој вид на туризам.
Според архиолошките наодии, овдешното население имало постојано живејалиште, и се занимавало со примитивно земјоделство и сточарство, користеле многу орудија кои самите ги обработувале, користеле мазни камени секирии, коски и другии орудија.Од неолитот пошнува развојот на земјоделството и сточарството во Овче Поле:основните економски гранки на неолитскиот човек биле земјоделството и сточарството, овците и козите биле шуте во раниот и средниот неолит т.е 6000-5000 години пр.н.е
Неолитскиот чоек кој шиеел во Овеполието, градел населби и засебни шивејалишта.Објектите за живеење биле надземни, градени биле во првоаголна форма, изградени од дрвена градба со покрив на две води.Ѕидовите од живејалиштата биле машкани со кал, за да го заштиат неолитскиот човек од адмосверските влијанија:Главен и центарален дел од неолитската куќа било огништето каде се подготвувала храната.Во некои неолитски куќи имало и место каде се положувале жртвеници, и се вршеле религиозни обреди:Куќите биле градени едни покрај други со мали дворови.
среда, април 15, 2009
Унгарска кујна
Великаните на светското хотелиерсво и човечките ресурси
Хотелите Статлер се лотелски ланци низ целиот свет во кои ќе добиете беспрекорна услуга било во кој хотел низ светот.
Статлер сметал дека треба да се вработуваат пријатни луѓе, со добро расположение кои лесно и често се насмевнуваат.Ако е неопходно да се ичисти кујната направете го тоа.Не преговарајте, ослободетесе од мрзливите луѓе, од луѓе кои незнаат да го контролираат своето однесување, оние кои постојано глумаат дека имаат проблеми и кои самите себе се сожалуваат.
Да се биде љубезен, да се посвети на секој гостин внимание поединечно.Вниманието треба да продолжи и после заминувањето на гостинот:картичка за благодарност за посетата, честитка за роденден, Божиќ и Велигден, не чини многу пари но за гостинот значи многу.
ХОТЕЛИ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛ
Во хотелите Интерконтинентал постои припачник за однесување на вработените:
-Врабоботените не смеат да и се обраќаат на гостите по име дури ни во ситуација кога станува збор за пријател, исто така несмеат да и се обракаат на име и на другите колегии или препоставени;
ХОТЕЛИТЕ ШАРАТОН-ЕРНЕСТ ХЕНДЕРСОН
Шартон преставуваа едни од најголемите хотелски ланци во светот.
Угостителскиот работник треба да ги задоволи потребите на гостите кои се подготвени да платат со своите тешко заработени пари.
Хилтон успеал благодарение на своите менаџери кои секојдневно ги контролираа цените.
Хилтон од своите вработени барал многу .Тој ја вовел седумдневната работа во хотелите.Хилтон живеел со убедување дека довербата, лојалноста и чесноста, преставуваат најголемиот капитал на своите вработени.Поединци кои ги поседуваат спомнатите квалитети можат да успејат секаде.
ХОТЕЛИ ХОЛИДЕЈ ИН-КЕМСОН ВИЛСОН
Вилсон бил човек кој сватил дека бизниост со мотели преставува ,,најголемата недопрена индустрија во светот,,.Тој изработил одличен проект за изградба на Холидеј Ин претворајги го во најголемиот и најубав хотелски ланец.
Великаните на светското хотелиерство сватиле дека неговите човечки ресурси не преставуваат многу туку тие преставуваат се.Квалитетот на понудата на услугата преставува не иновна компонента за успечно работење во угостителството.
,,Животот е услуга а остануваат оние кои даваат подобра услуга,,Елсворт Статлер
недела, април 12, 2009
Италјанска кујна
Рибите и морските плодови се многу популарни покрај крајбрежните морски краеви.Нешто што ми останало во секавање за италјанската кујна е изобилството на салати од морски плодови, најчести се корисетно октподот и морските школки.Освен големиот број на рецепти, многу е интересно тоа што специјалитетите се по многу поволна цена и мошат многумина да си дозволат да пробаат.
Заленчукот се конзумира свеж, во салати, како прилог, варен, зачинет со маслиново масло.Доматот е најупотребуваниот зеленчук во италјанската кујна се јаде секој ден во секое годишно време.Тој може да биде дел од сосот за тестенини, состојка за салата, полнети или печени, италјанскиот готвач секогаш ке смисли нешто ново.
Се разбира пицата е синоним за италјанската кујна, влече корени уште од античките римјани, интересно нешто во контекст за пицата што морам а да не го спомнам е тоа што:пицата најголемата популарност добива во 17 тиот век кога била презентирана ма Американската јавност.Па маллку подоцна станува популарна и во Европа, но најинтересно е тоа што дури во 20 тиот век станала популарна и во Италија.Првото нешто што ни доага на памет кога ќе се спомне италјасната кујна се наравно изобилството на рецепти од тестенини.Тестенините денес ги има во 300 форми во Италија, преставаат најомилено јадење, се приготвуваат во различни начини и комбинации.
Пемезанот е традиционален производ од Италија, неповторливиот пикантен вкус, секогаш пријатна арома, пермезанот е неизоставен дел од тестенините.Оризот е доста застапен во Италјанската кујна, едни тврдат дека го донеле арапите во 15 тиот век и од тогаш е нераскинлив дел од исхраната, но архиолозите докажале дека уште старите римјани знеле за оризот и го одгледувале.
Тарамисуто во превод значи ,,земи ме,, тарамисото е традционален италјански колач, мојот омилен десерт.Кој мора а да не се проба, неговиот вку е божествен, мораш да ја насетиш неговата арома и вкус кои ќе ти останат во сеќавање многу долго време.
Храната во италија е вистинско уживање за Италјанецот, кој сака секогаш да јаде во друштво, со семејството или со пријателите, дома или во ресторант не е важно,Но вистински ужива во сензационалните вкусови на италјанските традиционални рецепти.
Забрането е било какво копирање или умножување, без претходна консултација со авторот.